Последната промена е направена на:
08 април 2014 во 13:08 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
ПРВА ОБУКА НА АКРЕДИТИРАНИ ЗАСТАПНИЦИ ЗА ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ЗЕМЈОТРЕС ПОДДРЖАНИ ОД ЕВРОПА РЕ
Четврток, 03 Април 2014 00:00

 

xMG_1970_cr   Реализацијата на новата пазарна инфраструктура на системот за осигурување од ризици од природни катастрофи и временски непогоди, создаден и поддржан од Европа Ре – специјализирано друштво за реосигурување од природни катастрофи со седиште во Цуг, Швајцарија, се наоѓа пред самиот почеток. Како дел од подготовките за отпочнување на програмата Европа Ре на македонскиот осигурителен пазар, тимот од Европа Ре ја одржа првата обука за акредитирање на застапниците во осигурување за продажба на нови и иновативни осигурителни производи за заштита од земјотрес На настанот, кој се одржа во хотел Солун, Скопје на 28 март 2014 година, присуствуваа застапници во осигурување, експертите и локалниот тим на Европа РЕ, како и претставници од Агенцијата за супервизија на осигурување, Центарот за управување со кризи и Швајцарската Канцеларија за Соработка кои имаа можност да ја отворат обуката со поздравни говори.

Главната цел на оваа обука беше претставување на новите станбени и комерцијални осигурителни производи за заштита од земјотрес како и презентација на специјално дизајнираните интернет платформи за нивно користење и управување. Експертите од Европа Ре детално ја претставија програмата во однос на следниве главни : 1) Презентација на програмата на Европа Ре, 2) Презентација на "Swiss Visual Pro" производите – Станбено и комерцијално осигурување од земјотрес, 3) Вовед во функционалноста на порталот за јавно информирање и подигнување на свеста за природни непогоди – CATMonitor, 4) Презентација на едноставниот кориснички интерфејс за прием во осигурувањето.

Обуката беше одлично прифатена од присутните, а значителен дел од времето беше искористен и за тестирање на интернет платформите од страна на застапниците. На крај на настанот беа доделени и сертификати од Европа Ре за акредитација на застапниците во осигурување за продажба на новите производи за осигурување од земјотрес.

 
Глобална недела на пари
Понеделник, 10 Март 2014 10:13
 

Глобална недела на пари, оваа година се одржува од 10 до 17 март, а учество ќе земат околу 2 милиони деца од над 100 земји во светот. Сите тие ќе се вклучат во активностите кои ќе бидат организирани од над 500 институции и организации. Нашата земја исто така, активно се вклучи...
Повеќе...
 
На 19 декември склучен Меморандум
Петок, 10 Јануари 2014 14:57
На 19 декември, 2013 година, во седиштето на Народната банка на Република Македонија, се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на...
Повеќе...
 
Одбележување на Денот на осигурувањето
Понеделник, 18 Ноември 2013 09:51
 

Агенцијата за супервизија на осигурување, на 1-ви ноември, 2013 година, во 10ч. во хотелот “Александар Палас”, одржа свечена манифестација по повод Денот на осигурувањето. На настанот свечено обраќање имаа г. Зоран Ставрески, Заменик Претседател на Владата и министер за...
Повеќе...
 
Известување за одржување обука и испит за проверка на стручната подготвеност за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи
Недела, 09 Март 2014 00:00
Почитувани,

Ве известуваме дека согласно Планот за работа на Агенцијата за 2014 година, Агенцијата донесе Одлука за спроведување на обука и испит за проверка на стручната подготвеност за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи во 2014...
Повеќе...
 
Информација за одржана презентација од страна на Европа Ре (18.11.2013)
Понеделник, 25 Ноември 2013 10:02
Активностите во рамки на Регионалниот проект за осигурување на ризик од катастрофи (Europa Reinsurance Facility Ltd.), за кој Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е назначена како имплементатор, продолжуваат и понатаму. Во рамки на Проектот, се предлага воведување на нов...
Повеќе...
 
Спроведена обука за вработените во Агенцијата за супервизија на осигурување
Понеделник, 11 Ноември 2013 10:51
 

Во насока на ефикасно спроведување на своите законски надлежности и активности, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) континуирано вложува во заjакнување на човечките ресурси преку воспоставување и имплементација на систем на континуирана едукација и...
Повеќе...
 
« ПочетокПред123456789СледноКрај »

Страница 1 од 9