Мисија на

Агенцијата

Агенцијата за супервизија на осигурување е основано како независно регулативно тело со надлежности и овластувања да се грижи за законско и ефикасно функционирање на пазарот на осигурување, со цел заштита на правата на осигурениците и корисниците на осигурителните услуги.

Оваа цел Агенцијата ќе ја постигне преку креирање на модерен и ефикасен осигурителен сектор, кој ќе нуди квалитетни осигурителни услуги и ќе даде значителен придонес за понатамошен развој на финансискиот сектор во земјата.