генцијата за супервизија на осигурување по вторпат е домаќин на Регионален семинар во заедничка организација со Институтот за финансиска стабилност (FSI) и Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS). Семинарот оваа година ќе биде на тема групна супервизија, деловно однесување на пазарот и дигитализацијата во осигурувањето. Истиот ќе се одржи во Охрид, во периодот од 26 до 27 септември.

На семинарот ќе земат учество претставници од регулаторните тела и институции надлежни за супервизија на осигуравање од регионот на Централно-Источна Европа, Централна Азија и Кавказскиот регион и исто така, ќе бидат поканети истакнати експерти од областа кои ќе презентираат и говорат на одбрана тема. Истиот претставува одлична можност за размена на знаење и искуство меѓу супервизорите од областа на регулативата и спроведувањето на супервизијата на осигурување и воедно можност да се воспостават поблиски односи за идна соработка меѓу регулаторните институции.