Последната промена е направена на:
18 мај 2018 во 11:23 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

finansiska edukacija

Посета на претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)
Вторник, 18 Октомври 2011 00:00

Претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја посетија Агенцијата за супервизија на осигурување. На работната средба која се одржа на 18 октомври, 2011 година бeше анализирана моменталната состојба на пазарот на осигурување во Република Македонија.

Исто така, претседателот на Агенцијата г. Попоски Климе ги информираше претставниците на ММФ за донесената подзаконска регулатива во областа на осигурувањето која пропишува подетални правила за работење на осигурителните субјекти притоа нагласувајќи ја придобивката од тоа. Беше разговарано и за предизвиците во осигурителниот сектор  како и за подготвеноста на Агенцијата во однос на истите.

На крај заеднички беше констатирано дека Агенцијата има постигнато значителен напредок во областа на осигурувањето и супервизијата.

 
Информации за спроведување на Стручен испит потребен за добивање дозвола за работа како овластен актуар
Понеделник, 17 Октомври 2011 00:00
Агенцијата за супервизија на осигурување ги информира сите заинтересирани лица дека со почеток од 1 ноември 2011 година, во времетраење од 2 (две) години, ќе организира обука за актуари по чие посетување и успешно полагање на испитите, кандидатите ќе може да се здобијат со...
Повеќе...
 
Регионална конференција: Развој на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа: Од концепт до реалност
Четврток, 06 Октомври 2011 00:00
 

Првата регионалната конференција на ЕВРОПА РЕ насловенa Развој на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа: Од концепт до реалност ќе се одржи во х.Гранит, Охрид, од  12 до 15 октомври 2011 година.

Агенцијата за супервизија на...
Повеќе...
 
Донесени Годишниот извештај за работењето на АСО и Годишниот извештај за осигурителниот пазар во РМ за 2010 година
Среда, 29 Јуни 2011 00:00

Советот на АСО на редовна седница одржана на 27.06.2011 година го донесе Годишниот извештај за работењето на АСО и Годишниот извештај за осигурителниот пазар во РМ за 2010 година

 
Одржана регионална средба
Понеделник, 17 Октомври 2011 00:00
Во периодот од 10-11 октомври, 2011 година во Тирана се одржа втората регионална средба на супервизорите од регионот. Оваа средба беше иницирана на завршницата на првиот регионален состанок во април,2011 година кој се одржа во Виена.

Организатор и домаќин на средбата беше...
Повеќе...
 
Организиран еднодневен семинар на тема техники и можности за инвестирање и управување со портфолио
Среда, 21 Септември 2011 00:00
Агенцијата за супервизија на осигурување организираше еднодневен семинар на тема техники и можности за инвестирање и управување со портфолио.

Семинарот се одржа на 14ти септември, од 10 до 14 часот, во просторите на Стопанската комора на Македонија. Претседателот на...
Повеќе...
 
Агенцијата за супервизија на осигурување издаде нова дозвола за вршење работи на осигурување на живот-основано ново друштво за осигурување
Петок, 27 Мај 2011 00:00
Врз основа на одредбите од Законот за супервизија на осигурување ("Службен весник на Република Македонија" бр. 27/2002, 84/2002, 98/2002, 33/2004, 88/2005, 79/2007, 08/2008, 88/2008, 56/2009, 67/2010 и 44/2011), Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување донесе Решение со кое се издава дозвола...
Повеќе...
 
« ПочетокПред11121314151617181920СледноКрај »

Страница 17 од 21

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување