Последната промена е направена на:
10 декември 2018 во 11:04 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Одбележување на Денот на осигурување
Понеделник, 05 Ноември 2012 00:00
  Агенцијата за супервизија на осигурувањето го одбележа Денот на осигурување со пригодна свеченост која се одржа во Музеј на македонската борба за државност и самостојност, Скопје. На овој свечен настан беа поканети високи државни претставници, претставници од осигурителната индустрија и претставници од различни институции и тела со кои Агенцијата има професионална соработка.
  Во своето обраќање претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, д-р Климе Попоски, истакна дека во услови на актуелната должничка криза Македонија има еден од најдинамичните пазари во регионот, наспроти тоа што најголем дел од половината од земјите од Југоисточна Европа остваруваат негативни стапки на раст на пазарот на осигурување. Воедно, пазарот на осигурување во Македонија е стабилен со умерена концентрација, која овозможува дејствување на пазарните механизми и висок степен на исполнување на минималните барања.
Исто така, г. Попоски истакна дека во периодот што следува најголем предизвик на Агенцијата ќе биде заштита на потрошувачите и во таа насока и ќе се донесуваат нови подзаконски акти кои ќе се однесуваат на заштитата на правата на осигурениците и корисниците на осигурителните услуги што всушност е и еден од главните приоритети на Агенцијата.

  Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој присуствуваше на свеченоста, здравиот финансиски систем е услов за ефикасна алокација на ресурсите и трајна доверба во финансиските институции. Затоа во земјава континуирано се вложуваат напори за јакнење на финансискиот систем преку обезбедување на подобра регулативна рамка, прудентна супервизија и ефикасна заштита на потрошувачите, истакна г. Ставрески, поздравувајќи го успешното тригодишно работење на Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Исто така, г. Ставрески во своето обраќање објасни дека пазарот на осигурување во Р. Македонија во последниве три години се карактеризира со постојан раст кој се очекува да продолжи и во следните години , а ваквиот резултат пред се сé должи на здравите макроекономски политики, добро дизајнираната регулатива и ефикасната супервизија.

  Г. Трајче Латиновски, главен извршен директор на ТРИГЛАВ осигурување АД Скопје и претседател на Здружението на осигурување при Стопанската комора на Р. Македонија го поздрави промовирањето на 1-ви Ноември како Ден на осигурувањето во Р.Македонија и изрази надеж за оформување на професионално здружение на осигурителниот бизнис, кое ќе продолжи да ги организира активностите за одбележување на Денот на осигурување
Во рамки на прославата беше доделена награда за млад истражувачки труд од областа на осигурувањето и управувањето со ризик. На Конкурсот беа...
Повеќе...
 
Агенцијата за супервизија на осигурување издаде Брошура за осигурување во земјоделството
Среда, 11 Јули 2012 00:00
 Агенцијата за супервизија на осигурување издаде Брошура за осигурување во земјоделството која има за цел да го промовира купувањето полиси за земјоделско осигурување како ефикасен начин за заштита на земјоделските производи од ризици кои се поврзани со временските...
Повеќе...
 
Регионален семинар за осигурителни регулаторни тела во Централна и Источна Европа и Централна Азија и Транскавказија за макропруденцијална и групна супервизија
Петок, 11 Мај 2012 15:12
Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија, во периодот од 8-10 мај, 2012 година, беше домаќин на Регионалниот семинар за осигурителни регулаторни тела од Централна и Источна Европа и Централна Азија и Транскавказија, на тема : " Макропруденцијална и...
Повеќе...
 
Конкурс за годишна награда за млади истражувачи
Вторник, 03 Април 2012 08:42

К   О   Н   К   У   Р   С 

за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2012 година

 
Работна посета во Брисел
Понеделник, 19 Март 2012 16:21
На 13-ти март, 2012 година, во Брисел, членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување остварија работна средба со г. Карл Ван Хуле, раководител на единицата за осигурување и пензиско осигурување која е составен дел на Директоратот за внатрешен...
Повеќе...
 
Мисија на Светска Банка во Република Македонија, 20-22 јуни 2012
Вторник, 03 Јули 2012 13:52
Во рамките на Проектот за развој на осигурителен пазар од катастрофални ризици (SEEC CRIF), во времетраење од три дена (20-22 јуни 2012 година), претставници од Светската банка и Европа Ре организираа серија на состаноци со друштвата за осигурување, Министерството за финансии...
Повеќе...
 
Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија домаќин на Регионален семинар за осигурителни регулаторни тела
Петок, 04 Мај 2012 08:09
Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија во периодот од 8-10 мај, 2012 година ќе биде домаќин на Регионалниот семинар за осигурителни регулаторни тела од Централна и Источна Европа и Централна Азија, под наслов “Макропруденцијална и групна...
Повеќе...
 
Посета на Австриската асоцијација на осигурители
Среда, 28 Март 2012 00:00
На 14-ти март, 2012 година, членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување остварија работна средба во Виена, во седиштето на Австриската Осигурителна Асоцијација.Целта на оваа посета беше да се одржи презентација од страна на Агенцијата за...
Повеќе...
 
Програма за осигурување од ризик од катастрофи
Среда, 04 Јануари 2012 12:00
Главниот мотив за овaa Програма е да се промовира развојот на осигурувањето од ризици од природни катастрофи и временски неприлики на домашниот пазар, со што на локалните стопанственици и на населението ќе им биде овозможено да купат прифатливи производи за осигурување...
Повеќе...
 
« ПочетокПред111213141516171819СледноКрај »

Страница 14 од 19

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување