Последната промена е направена на:
17 мај 2019 во 12:14 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Почеток на обуката за застапници
Петок, 15 Октомври 2010 09:34

На 14.10.2010 година со почеток во 14 часот, во просториите на Европски Универзитет,  Агенцијата започнa со спроведување на првата обука за застапници во осигурувањето.

DSCN0870Обуката беше отворена од страна на Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата кој им посака добредојде на присутните и успех на обуката. Исто така, обраќање имаше и г. Жан Пјер Даниел кој во моментов  е со консултантски ангажман во Агенцијата и има долгогодишно искуство во областа на посредувањето во осигурувањето.

Агенцијата очекува преку овој процес на едукација да се зајакне професијата на застапување во осигурувањето и значително да се подобри општата состојба на  пазарот на осигурување во Република Македонија. 

Согласно планот на Агенцијата процесот на едукација е предвиден да се реализира во повеќе групи. Агенцијата на својата веб страница ќе ги објавува сите информации во врска со обуката.

 
Посета на Амбасадорот Ерван Фуере во седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување
Четврток, 30 Септември 2010 10:42
Во среда, 29 септември 2010 година (во 11:00 часот) специјалниот претставник на Европската Унија и шефот на Делегацијата Амбасадорот Ерван Фуере ја посети Агенцијата за супервизија на осигурување.

Посетата од страна на Амбасадорот е со цел поблиско запознавање со...
Повеќе...
 
Објавена предлог содржината на Правилникот за минималните стандарди за пресметка на техничките резерви
Петок, 17 Септември 2010 09:58
Почитувани,

Оваа прилика ја користиме да Ве известиме дека Агенцијата за супервизија на осигурување на својата веб страна ја објави предлог содржината на Правилникот за минималните стандарди за пресметка на техничките резерви.  Истиот можете да го превземете...
Повеќе...
 
Склучен Меморандум за соработка со Комисијата за финансиски пазар на Бугарија
Среда, 02 Јуни 2010 14:22
Во периодот од 31 мај до 1 јуни, Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата во придружба на извршните членови беа во посета на Комисијата за финасиски пазар во Бугарија. Целта на оваа посета беше воспоставување и зајакнување на соработката меѓу двете регулаторни...
Повеќе...
 
Дебата “Развојот на осигурувањето во глобални рамки“
Четврток, 29 Април 2010 00:00
Агенцијата за супервизија на осигурување на 29.04.2010 (четврток) беше домаќин на Австриското регулаторно тело за финансиски пазар претставувано од страна на г. Питер Браумулер како директор на секторот за осигурителна и пензиска супервизија, а воедно и претседавач на...
Повеќе...
 
Потпишан меморандум за соработка со Регулаторното тело за финансиски пазар на Австрија
Вторник, 28 Септември 2010 09:34
На ден 22 септември, 2010 година, во Виена, во седиштето на Регулаторното тело за финансиски пазар на Австрија, Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија ја продлабочи соработката со Австрискиот регулатор, со потпишување на Меморандум за...
Повеќе...
 
Објавена предлог содржина на Контниот план за друштвата за осигурување и реосигурување
Четврток, 19 Август 2010 10:48
Почитувани,

Оваа прилика ја користиме да Ве известиме дека Агенцијата за супервизија на осигурување ја објави предлог содржината на Контниот план за друштвата за осигурување и реосигурување заедно со Упатството. Истата можете да ја превземете тука.

Коментарите и...
Повеќе...
 
Панел дискусија - Друштва за осигурување, перспективи на бизнисот и импликации на македонскиот пазар на капитал
Сабота, 01 Мај 2010 00:00
Во периодот од 29 април до 1 маj, во Охрид беше одржана 11-та конференција на Македонската берза. На овој настан присуствуваа голем број учесници, професионалци и експерти од финансиската индустрија од земјата и странство, при што преку дебатирање и панел дискусии се...
Повеќе...
 
Склучен Меморандум за соработка со Агенцијата за супервизија на осигурвање на Црна Гора
Среда, 21 Април 2010 00:00
На 21 април 2010, Агенцијата за супервизија на осигурување на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Агенцијата за супервизија на осигурвање на Црна Гора. Овој документ е во функција на зајакнување и продлабочување на соработката на двата регулаторни органи во...
Повеќе...
 
« ПочетокПред11121314151617181920СледноКрај »

Страница 20 од 21

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување