Последната промена е направена на:
01 август 2017 во 12:09 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Известување
Среда, 10 Јуни 2015 00:00

 

Известување за термини за полагање на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи

 

Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои учествувале на обуката за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи спроведена во април 2015 година, а кои нема да го положат стручниот испит за вршење работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи со првото полагање (теоретски и практичен дел), дека согласно членот 13 став (4) од Правилникот за начинот и постапката за спроведување на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување (“Службен весник на РМ” бр. 118/2014) и Правилникот за начинот и постапката за спроведување на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (“Службен весник на РМ” бр. 118/2014) имаат можност за уште две повторни полагања на стручниот испит и тоа во следните термини:

  • Второ полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
  1. 1. прв (теоретски ) дел 25.6.2015 година
  2. 2. втор дел (практичен пример) 10.7.2015 година

 

  • Трето полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
  1. 1. прв дел – (теоретски  дел) 31.8.2015 година
  2. 2. втор дел – (практичен пример)     14.9.2015 година

 

За точното време на одржување на стручниот испит во рамки на горенаведените термини, лицата ќе бидат дополнително известени.

 

 

 
Известување
Петок, 05 Јуни 2015 00:00
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите кои го положиле  стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурување/ осигурително брокерски работи - теоретски дел одржан на ден 26.5.2015 година,  дека  стручниот испит за вршење на...
Повеќе...
 
Известување
Понеделник, 20 Април 2015 15:12
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите пријавени кандидати за обука за застапници во осигурување односно осигурителни брокери, дека обуката ќе се одржи во просториите на Европски Универзитет.

 

Распоредот за обуката за застапници во осигурување...
Повеќе...
 
Светска недела на пари
Понеделник, 09 Март 2015 16:00
“Светска недела на пари” е настан кој го одбележуваат голем број на земји во светот и истиот е повод на едно место да се сретнат и обединат младите и децата со единствена цел да се стекнат со знаење и основни поими од сферата на финасиите, финасиското работење и...
Повеќе...
 
Конкурс за годишна награда за млади истражувачи
Петок, 08 Мај 2015 00:00
К   О   Н   К   У   Р   С

за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2015 година

 

Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови...
Повеќе...
 
Соопштение за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи
Среда, 08 Април 2015 11:13
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука за вршење работи на застапување во осигурување и обука за вршење осигурително брокерски работи.

Обуката за вршење работи на застапување во осигурување во времетраење од 3 дена...
Повеќе...
 
Oдржана работилница на НБРМ и АСО на тема: Истакнување на потенцијалните влијанија на природните катастрофи врз работењето на комерцијалните банки
Четврток, 05 Март 2015 14:19
На ден 27.2.2015 година во просториите на Народната банка на Република Македонија се одржа работилницата на тема: Истакнување на потенцијалните влијанија на природните катастрофи врз работењето на комерцијалните банки. На работилницата учествуваа членови на Управните...
Повеќе...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 7 од 19

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување