Последната промена е направена на:
23 јуни 2017 во 09:50 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Промоција на доброто корпоративно управување кај друштвата за осигурување во Р. Македонија
Петок, 24 Октомври 2014 07:42

Во рамки на своите програмски определби за развој на пазарот на осигурување во Р. Македонија, АСО предвиде промовирање на доброто корпоративно управување кај друштвата за осигурување во Р. Македонија, со цел да го продолжи позитивното искуство на финансискиот сектор во земјата во промовирањето на добрата пракса на корпоративното управување.

По добиената поддршка од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), институција која има долгогодишно искуство во промовирањето на добрата пракса на корпоративното управување, АСО започна соработка со Институтот на директори (МИОД) - партнерска институција на IFC во Р. Македонија, која резултираше со организирање на обука за корпоративно управување за претставници на друштвата за осигурување.

IMG_2707

Обуката се состои од 8 модули од програмата за обука за корпоративно управување на IFC кои на учесникот ќе му овозможат запознавање со основите начела на доброто корпоративно управување.

Првиот дел од обуката се одржа на 13 и 14 октомври 2014 година во х. Александар Палас, Скопје. На започнувањето на обуката на учесниците со воведно обраќање се обрати г. Климе Попоски,  претседателот на Советот на експерти на АСО. Во своето излагање г. Попоски се осврна на придобивките од примената на добрите практики на корпоративно управување кај друштвата за осигурување.

 

На овој дел обуката беа обработени следниве модули:

  • Модул 1: Вовед во корпоративното управување
  • Модул 2: Бизнис случај за корпоративно управување
  • Модул 3: Обелоденување и транспарентност
  • Модул 4: Улога на одборите на директорите,  задачи и одговорности на директорите

Вториот дел од обуката ќе се одржи на 27 и 28 октомври 2014 година во х. Метропол, Охрид

  • Модул 5: Практики на одборите на директори
  • Модул 6: Управување со ризикот
  • Модул 7:  Финансиски надзор
  • Модул 8: Контролно опкружување

По завршувањето на обука за корпоративно управување, учесниците ќе се стекнат со сертификат (ниво 1) од областа на корпоративното управување. Сертификатите на учесниците ќе им бидат доделени на свечениот настан посветен на одбележување на Денот на Осигурувањето.

Исто така, во подготовка е водич за корпоративно управување со наслов „Насоки за воведување на добри практики на корпоративно управување во друштвата за осигурување во Р. Македонија”, кој ќе биде промовиран на одбележувањето на Денот на осигурувањето – 1 ноември 2014 година.

 
Информација за одржана Втора регионална конференција на Европа РЕ
Среда, 22 Октомври 2014 07:44
На 1 и 2 октомври, 2014 година, во Белград се одржа Втората регионална конференција на Европа РЕ ”Нова генерација на осигурителни решенија”.

На конференцијата учествуваа преку педесет претставници од различни институции кои се од важност за осигурителната индустрија...
Повеќе...
 
Известување за спроведување на обуки и испити
Петок, 26 Септември 2014 12:08
Почитувани,

Ве известуваме дека согласно Планот за работа на Агенцијата за 2014 година, Агенцијата донесе Одлука за спроведување на обука и испит за проверка на стручната подготвеност  за вршење работи на застапување и осигурително брокерски работи.

Обуката за вршење...
Повеќе...
 
Прес конференција за промоција на новото осигурување во земјоделството подржано од Европа Ре
Среда, 17 Септември 2014 14:30
На 15 септември, 2014 година во Скопје се одржа прес конференција за промоција на новото осигурување во земјоделството, подржано од Европа Ре друштво за реосигурување одговорно за имплементирање на програмата за осигурување од ризици од катастрофи и временски неприлики -...
Повеќе...
 
Конкурс за деца и млади
Среда, 15 Октомври 2014 15:22
Конкурс ЗА ДЕЦА И МЛАДИ

ВО

прва категорија на тема: ШТЕДЕЊЕ

втора категорија на тема: ОСИГУРУВАЊЕ

по повод Светскиот ден на штедењето - 31 октомври

Народната банка на Република Македонија и Агенцијата за супервизија на осигурување објавуваат конкурс за деца и млади од...
Повеќе...
 
Остварувањата во осигурителниот сектор во првата половина на 2014 година и проекциите за тековната година
Вторник, 23 Септември 2014 14:14
Агенцијата за супервизија на осигурување на 21.9.2014 година, со почеток во 11ч, во своите простории,  одржа прес конференција, на тема Остварувањата во осигурителниот сектор во првата половина на 2014 година и проекциите за тековната година.

Пред претставниците од медиумите...
Повеќе...
 
Спроведување на стручен испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар
Петок, 05 Септември 2014 13:50
Агенцијата за супервизија на осигурување ги информира сите заинтересирани лица дека со почеток од 3 ноември 2014 година, во времетраење од 2 (две) години, ќе организира обука за актуари по чие посетување и успешно полагање на испитите, кандидатите ќе може да се здобијат со...
Повеќе...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 9 од 19

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување