Последната промена е направена на:
23 февруари 2018 во 09:14 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Спроведување на стручен испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар
Петок, 05 Септември 2014 13:50
Агенцијата за супервизија на осигурување ги информира сите заинтересирани лица дека со почеток од 3 ноември 2014 година, во времетраење од 2 (две) години, ќе организира обука за актуари по чие посетување и успешно полагање на испитите, кандидатите ќе може да се здобијат со Уверение за успешно положен Стручен испит потребно за добивање дозвола за работа како овластен актуар.

Обуката за актуари се состои од следните предмети:

1. Веројатност и статистика;
2. Финансиска математика;
3. Стохастичко моделирање;
4. Економија;
5. Модели на доживување;
6. Актуарска математика I;
7. Актуарска математика II;
8. Управување со инвестиции и средства;
9. Осигурување на живот;
10. Неживотно осигурување;
11. Социјално и пензиско осигурување;
12. Здравствено осигурување;
13. Сметководство во осигурувањето;
14. Регулатива од областа на осигурувањето;
15. Професионализам и eтика.

Секој учесник на обуката има право да го полага секој од испитите најмногу два пати, по што, доколку не го положи испитот, ќе го изгуби правото да ја продолжи Обуката. Предавањата ќе се одржуваат во текот на една недела по што следува испит по предметот најдоцна еден месец по завршувањето на предавањето од определениот предмет.
Сите заинтересирани кандидати, најдоцна до 15 септември 2014 година, можат да се пријават со поднесување пријава за посетување на обука и полагање на стручен испит за добивање дозвола за работа како овластен актуар во Агенцијата за супервизија на осигурување, на адресата: ул.„Васил Главинов" бр.12, ТЦЦ Плаза, кат 2, Скопје (во архива), секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.
Кон пријавата кандидатите треба да достават:
1. Доказ за завршено високо образование (во оригинал или заверено од нотар);
2. Доказ за платен надомест за учество на обуката и полагање на испитите;
3. Лична карта (пасош – за странски државјани) на увид.

Надоместокот за посетување на обуката и полагање на испитите (за сите 15 предмети задолжително) изнесува 120.000 (сто и дваесет илјади) денари.
Уплатницата за платен надоместок треба да ги содржи следните податоци:
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: Oбука и полагање на стручен испит за актуар
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ:Агенција за супервизија на осигурувањето - Скопје;
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: Стопанска банка АД -Скопје;
СМЕТКА: 200002007041251

Доколку, според проценка на Агенцијата, не се пријават доволен број на кандидати за посета на обуката, Агенцијата нема да спроведе стручен испит.
Пријавата за посетување обука и полагање на стручен испит за добивање дозвола за работа како овластен актуар може да се подигне од Агенцијата за супервизија на осигурување или директно да се преземе од интернет страницата на Агенцијата www.aso.mk.
Пред поднесување на горенаведената пријава за посетување на обука и полагање на стручен испит за добивање дозвола за работа...
Повеќе...
 
Известување за полагање на поправен испит
Вторник, 02 Септември 2014 00:00
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите заинтересирани кандидати дека поправниот испит за застапници во осигурување односно осигурителни брокери ќе се одржи на ден 15.09.2014 година, во 15:00 часот, во просториите на Европски Универзитет.

Пријавите за...
Повеќе...
 
Известување за полагање на поправен испит
Понеделник, 16 Јуни 2014 12:58
Известување за полагање на поправен испит

Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите заинтересирани кандидати дека поправниот испит за застапници во осигурување односно осигурителни брокери ќе се одржи на ден 30.06.2014 година, во 15:00 часот, во просториите...
Повеќе...
 
Конкурс за годишна награда за млади истражувачи
Понеделник, 02 Јуни 2014 08:48
К   О   Н   К   У   Р   С

за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2014 година

 

Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови...
Повеќе...
 
Информација за реализирани настани во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување
Вторник, 17 Јуни 2014 13:15
Во периодот од 2 до 5 јуни 2014 година Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се јави како организатор и домаќин на повеќе настани од регионално и меѓународно значење за супервизијата на осигурувањето. На настаните присуствуваа вкупно 81 претставници и учесници од...
Повеќе...
 
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Вторник, 03 Јуни 2014 10:35
Почитувани,

Со особена чест и задоволство Ве известуваме дека во периодот од 3 до 5 јуни 2014 година Агенцијата за супервизија на осигурување(АСО) ќе се јави како организатор и домаќин на повеќе настани од регионално и меѓународно значење за супервизијата на осигурувањето...
Повеќе...
 
Испит за застапници на осигурување 12 и 13.05.2014
Вторник, 06 Мај 2014 00:00
Агенцијата за супервизија на осигурување  ги информира лицата кои се пријавиле на обука и испит за застапници во осигурување, и тоа:

Испит за  застапници во осигурување ќе се спроведе на 12.05.2014 година  во просториите на Европски Универзитет со почеток во 15:30 часот...
Повеќе...
 
« ПочетокПред11121314151617181920СледноКрај »

Страница 11 од 20

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување