Последната промена е направена на:
21 ноември 2017 во 15:16 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Известување за одржување обука и испит за проверка на стручната подготвеност за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи
Недела, 09 Март 2014 00:00

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно Планот за работа на Агенцијата за 2014 година, Агенцијата донесе Одлука за спроведување на обука и испит за проверка на стручната подготвеност за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи во 2014 година.

 

Обуката и испитот за проверка на стручната подготвеност за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи во 2014 година ќе се спроведе во следните две едукативно - испитни сесии:

  1. Март 2014 година; и
  2. Септември 2014 година.

 

Обуката за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи во рамки на мартовската едукативно-испитна сесија ќе се спроведе во просториите на Европски Универзитет на крајот на месец март 2014 година. Наставната Програма за полагање на испитот за проверка на стручната подготвеност потребна за вршење осигурително брокерски работи и работи на застапување во осигурување, термините како идеталниот распоред на предавањата, ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката.

 

Врз основа на горенаведеното а со цел навремено информирање, Ве известуваме дека пријавувањето на кандидати за учество на обуката и полагање на испитот во рамки на мартовската сесија ќе се врши најдоцна до 22.03.2014 година, со поднесување на Пријава за учество на обуката до Агенцијата за супервизија на осигурување.

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА И ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ПРОВЕРКА НА СТРУЧНАТА  ПОДГОТВЕНОСТ  ПОТРЕБНА ЗА ВРШЕЊЕ РАБОТИ НА ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕ

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА И ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ПРОВЕРКА НА СТРУЧНАТА  ПОДГОТВЕНОСТ  ПОТРЕБНА ЗА ВРШЕЊЕ ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКИ РАБОТИ

 
На 19 декември склучен Меморандум
Петок, 10 Јануари 2014 14:57
На 19 декември, 2013 година, во седиштето на Народната банка на Република Македонија, се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на...
Повеќе...
 
Одбележување на Денот на осигурувањето
Понеделник, 18 Ноември 2013 09:51
 

Агенцијата за супервизија на осигурување, на 1-ви ноември, 2013 година, во 10ч. во хотелот “Александар Палас”, одржа свечена манифестација по повод Денот на осигурувањето. На настанот свечено обраќање имаа г. Зоран Ставрески, Заменик Претседател на Владата и министер за...
Повеќе...
 
Информации за спроведување на Стручен испит потребен за добивање дозвола за работа како овластен актуар
Среда, 18 Септември 2013 11:03
 

Агенцијата за супервизија на осигурување ги информира сите заинтересирани лица дека со почеток од 1 ноември 2013 година, во времетраење од 2 (две) години, ќе организира обука за актуари по чие посетување и успешно полагање на испитите, кандидатите ќе може да се здобијат со...
Повеќе...
 
Информација за одржана презентација од страна на Европа Ре (18.11.2013)
Понеделник, 25 Ноември 2013 10:02
Активностите во рамки на Регионалниот проект за осигурување на ризик од катастрофи (Europa Reinsurance Facility Ltd.), за кој Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е назначена како имплементатор, продолжуваат и понатаму. Во рамки на Проектот, се предлага воведување на нов...
Повеќе...
 
Спроведена обука за вработените во Агенцијата за супервизија на осигурување
Понеделник, 11 Ноември 2013 10:51
 

Во насока на ефикасно спроведување на своите законски надлежности и активности, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) континуирано вложува во заjакнување на човечките ресурси преку воспоставување и имплементација на систем на континуирана едукација и...
Повеќе...
 
Обука за застапници во осигурување
Петок, 06 Септември 2013 14:46
Агенцијата за супервизија на осигурување  ги информира сите заинтересирани лица дека во период од 19-21.09.2013 година и во период од 26-28.09.2013 година, ќе организира обука за Застапници во осигурување по чие посетување и успешно полагање на испитите, кандидатите ќе може да се...
Повеќе...
 
« ПочетокПред11121314151617181920СледноКрај »

Страница 12 од 20

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување