Последната промена е направена на:
21 ноември 2017 во 15:16 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Конкурс за годишна награда за млади истражувачи
Четврток, 11 Април 2013 00:00

К   О   Н   К   У   Р   С 

за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2013 година

 

Врз основа на член 158-б точка 8) од Законот за супервизија на осигурување - пречистен текст (“Службен весник на Република Македонија” бр. 30/2012), Одлука на Уставен суд бр.  202/2011 (“Службен весник на РМ” бр.  45/2012), Одлука на Уставен суд бр. 130/2011 (“Службен весник на РМ” бр. 60/2012)  и Одлука на Уставен суд бр. 122/2011 (“Службен весник на РМ” бр. 64/2012), а во врска со член 13  од Статутот на Агенција за супервизија на осигурување, Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, на седницата одржана на 29.03.2013 година донесе Одлука за спроведување на Конкурс за годишна награда за млад истражувач за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.

За членови на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд се именувани:

  1. д-р Силвана Мојсовска;
  2. д-р Лилјана Баткоска;
  3. д-р Лидија Симонческа;
  4. д-р Софроние Миладиновски
  5. м-р Дарко Блажевски
 
Потпишан меморандум за соработка меѓу АСО и ФЗОМ
Среда, 19 Декември 2012 08:36
На 13 декември 2012 година, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и Фондот за здравствено осигурување на Р.Македонија (ФЗОМ) потпишаа Меморандум за соработка.

Со Меморандумот се уредува меѓусебната соработка помеѓу  АСО и ФЗОМ поврзана со размената и употребата...
Повеќе...
 
Агенцијата за супервизија на осигурување издаде Брошура за осигурување во земјоделството
Среда, 11 Јули 2012 00:00
 Агенцијата за супервизија на осигурување издаде Брошура за осигурување во земјоделството која има за цел да го промовира купувањето полиси за земјоделско осигурување како ефикасен начин за заштита на земјоделските производи од ризици кои се поврзани со временските...
Повеќе...
 
Регионален семинар за осигурителни регулаторни тела во Централна и Источна Европа и Централна Азија и Транскавказија за макропруденцијална и групна супервизија
Петок, 11 Мај 2012 15:12
Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија, во периодот од 8-10 мај, 2012 година, беше домаќин на Регионалниот семинар за осигурителни регулаторни тела од Централна и Источна Европа и Централна Азија и Транскавказија, на тема : " Макропруденцијална и...
Повеќе...
 
Одбележување на Денот на осигурување
Понеделник, 05 Ноември 2012 00:00
  Агенцијата за супервизија на осигурувањето го одбележа Денот на осигурување со пригодна свеченост која се одржа во Музеј на македонската борба за државност и самостојност, Скопје. На овој свечен настан беа поканети високи државни претставници, претставници од...
Повеќе...
 
Мисија на Светска Банка во Република Македонија, 20-22 јуни 2012
Вторник, 03 Јули 2012 13:52
Во рамките на Проектот за развој на осигурителен пазар од катастрофални ризици (SEEC CRIF), во времетраење од три дена (20-22 јуни 2012 година), претставници од Светската банка и Европа Ре организираа серија на состаноци со друштвата за осигурување, Министерството за финансии...
Повеќе...
 
Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија домаќин на Регионален семинар за осигурителни регулаторни тела
Петок, 04 Мај 2012 08:09
Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија во периодот од 8-10 мај, 2012 година ќе биде домаќин на Регионалниот семинар за осигурителни регулаторни тела од Централна и Источна Европа и Централна Азија, под наслов “Макропруденцијална и групна...
Повеќе...
 
« ПочетокПред11121314151617181920СледноКрај »

Страница 13 од 20

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување