Последната промена е направена на:
22 јули 2019 во 10:54 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Агенцијата за супервизија на осигурување традиционалнo ја одбележа Глобалната недела на парите
Понеделник, 08 Април 2019 13:46

Агенцијата за супервизија на осигурување  во рамки на својата мисија и визија во континуитет реализира активности од сферата на финансиската едукација и придонесува во градењето на финансиското знаење не само на младата популација туку и на повозрасното население.

Во рамки на Глобалната недела на парите оваа година Агенцијата оствари голем број активности самостојно, и заедно со членките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузивност,  за подигнување на свеста од поголема финансиска писменост, а особено со фокус на улогата на осигурувањето и супервизијата.

Просториите на Агенцијата беа отворени за посета на ученици од повеќе  основни и средни училишта (Страшо Пинџур-Кочани, Фаик Коница-Гостивар, Св. Климент Охридски- Гевгелија,  Христо Узунов-Охрид, Васил Антевски Дрен-Скопје и др.), со што им се овозможи на учениците изворно да се запознааат со надлежностите на Агенцијата и нејзиното работење. Исто така, во рамки на оваа манифестација беше организирана и посета на друштво за осигурување  пришто учениците имаа можност да се запознаат со улогата на друштво за осигурување како акционерско друштво и неговото функционирање.

При реализацијата на овие посети, учениците имаа можност да проследат едукативни презентации преку кои стекнуваат поголемо знаење за институциите кои се дел од финансискиот  систем на една земја и финансискиоте производи и услуги кои ги нудат.

Агенцијата за супервизија на осигурување согласно задачите во своите програми и понатаму ќе продолжи да реализира активности што значат градење на капацитетот на идните генерациите од кои се очекува да бидат главни носители на економските и финансиските текови во нашата држава.

 
Глобална недела на парите, 25-31 март,2019 година: Агенцијата за супервизија на осигурување со бројни активности ќе ја одбележи Глобалната недела на парите
Понеделник, 25 Март 2019 10:51
Во сферата на финансиската едукација одбележувањето на Глобалната недела на пари е меѓу бројните активности кои Агенцијата за супервизија на осигурувње ги презема во рамки на своите надлежности за развој на осигурителниот пазар и развој на свеста на јавноста за...
Повеќе...
 
Попоски од Франкфурт на Вториот форум за InsurТech Roadshow истакна – дигитализацијата во осигурувањето ќе влијае на поголемо задоволство на осигурениците, намалени цени на полисите за осигурување и поефикасна исплата на штети
Петок, 22 Март 2019 00:00
Денес се одржа второ по ред “Global InsurTech Roadshow”, во организација на TechQuartier, познат дигитален центар и Goethe Business School, во Франкфурт, Германија. Настанот беше подржан од Европскиот регулатор за осигурување и пензии (EIOPA). Во панел дискусијата насловена „Регулаторни разговори“...
Повеќе...
 
Соопштение
Вторник, 05 Март 2019 12:39
На 21 Февруари 2019 година во седиштето на Европската Комисија во Брисел, Претседателот на Советот на Експерти на Агенцијата за Супервизија на Осигурување г-нот Климе Попоски  оствари средба со г-нот Kyriacos Charalambous, член на Кабинетот на Комисионерот Јоханес Хан.



Целта на...
Повеќе...
 
Пополнети се капацитетите за учество на обуката и стручниот испит
Петок, 01 Март 2019 15:11
Во врска со Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување објавено на ден 26.2.2019 година, Ве информираме дека заклучно со денешниот ден – 01.3.2019 година (15 часот) пополнети се капацитетите за учество на обуката и стручниот...
Повеќе...
 
Потпишан Меморандум за соработка во доменот на финансиската едукација и финансиската инклузија
Понеделник, 25 Март 2019 10:33
Агенцијата за супервизија на осигурување, Народната банка на Република Северна Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, сите...
Повеќе...
 
Информација за обуки
Понеделник, 18 Март 2019 16:26
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите лица кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер во мартковска едукативно испитна сесија...
Повеќе...
 
Регионална актуарска конференција
Понеделник, 04 Март 2019 10:46
Агенцијата за супервизија на осигурување (AСО) во соработка со SC XPRIMM International SRL, од Букурешт Романија, врз основа на минатогодишното позитивно искуство одлучи и оваа година да организира регионална актуарска конференција. На тој начин, истовремено се работи на реализирање...
Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
Вторник, 26 Февруари 2019 14:30
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).

Обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа)...
Повеќе...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 2 од 21

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување