Последната промена е направена на:
21 ноември 2017 во 15:16 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Склучен Меморандум за соработка со Агенцијата за регулирање на финансискиот пазар во Република Албанија (AFSA)

На  19 април 2009 година, беше организирана  церемонијална средба во просториите на Агенцијата за регулирање на финансискиот пазар во Република Албанија (AFSA),  со цел потпишување на меморандум за соработка меѓу AFSA и Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија (ISA).  

Меморандумот за соработка е во функција на зајакнување и продлабочување на соработката меѓу двете регулаторни тела со цел да се обезбеди поголема заштита на интересите на осигурениците и корисниците на осигурувањето, зајакнување  на интегритетот, стабилноста и ефикасноста на осигурителната индустрија, и обезбедување соработка која ќе придонесе зголемување на меѓусебното разбирање и размена на информации.

Г-ѓа Елисабета Гјони, претседател на AFSA, во нејзината презентација,  го истакна значењето на меморандумот за соработка во врска со супервизорските активности како алатка во олеснувањето и ефективноста на активностите. Исто така,  и  г.  Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на АСО, истакна дека потписувањето на Меморандумот е од исклучителна важност за двете институции особено поради фактот што во Македонија има друштва за осигурување кои се основани со албански капитал.


На церемонијата беа присутни претставници на двете регулаторни тела, висок претставник од Амбасадата на Република Македонија во Тирана, г. Шенол Деваја и претставници на друштвата за осигурување со седиште во Македонија.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување