Последната промена е направена на:
21 ноември 2017 во 15:16 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Прашања и одговори

 

1. Што е актуар?
Актуарот е стручно лице кое се занимава со проблемите на финансиската неизвесност и ризиците со користење на математички методи од теоријата на веројатност, статистика и финансиска математика. Работата на актуарот вклучува анализа на податоците од минатото, проценка на постојните ризици и развој на модели за проектирање на идните настани.

 

2. Каде работат актуарите?

Повеќето актуари се вработени во индустријата за осигурување и пензиско осигурување. Тие работат на развој на осигурителни производи, пресметка на премиите за осигурување, утврдување на техничките резерви, управување со средства и обврски и други прашања релевантни за бизнисот на осигурување. Актуарски знаења се потребни и во институциите кои се одговорни за супервизија на друштвата за осигурување и пензиски фондови.

Актуарските техники и знаења можат да се користи во други области. Актуарска анализа на демографските трендови на населението и движењата во економијата е неопходна за долгорочно планирање на државните трошоци во образование, пензии, здравство, транспорт и други услуги. Актуари се повеќе работат во областа на банкарството и пазарите на капитал, на инвестициски проекти, и на други места каде што е потребно да се применуваат сложени математички пресметки проблеми со финансиски импликации.

 

3. Како да се здобиете со актуарско образование во Република Македонија?

Спроведувањето на Стручниот испит за добивање на дозвола за работа како овластен актуар е во надлежност на Агенцијата за супервизија на осигурување. Наставната програма за стручниот испит се состои од 15 предмети. Наставната програмата е изготвена согласно насоките дадени од Меѓународното актуарско здружение IAA (International Actuarial Association) и Groupe Consultatif (des Associations d'Actuaries des Pays de Communautes Europennes).

 

4. Колку време трае актуарската обука?

Периодот на спроведувањето на актуарската обука и полагањето на испитите за сите 15 предмети е 2 години. Предавањата се одвиваат во текот на една недела (5 работни дена). За секој предмет, бројот на часови е од 25 до 30 часа.

 

5. Дали надоместот за посетување на обуката и полагање на испитите, може да се плаќа на рати?

Заради процесот на организирање и спроведување на стручниот испит, надоместот треба да се уплати еднократно, пред почетокот на обуката. Надоместот за сите кандидати е 120.000 денари.

 

6. Доколку кандидатот кој два пати едноподруго не го положил испитот од еден предмет дали може да му биде вратен уплатениот надоместок бидејќи нема да ја продолжи обуката односно го губи правото да ги полага преостанатите испити?

Одговорот на ова прашање е "не", бидејќи согласно Правилникот за начинот на спроведување на стручниот испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар, предвидено е надоместот да е во висина на реалните трошоци за спроведување на обуката и испитите.

 

7. Кои лица ќе бидат ангажирани како предавачи на обуката?

Обуката ја спроведуваат лица кои имаат универзитетско образование од соодветната област, како и признати стручни лица и експерти од земјата и странство. За некои од предметите се ангажирани актуари од Хрватското актуарско здружение, како и професори од Природно математичкиот факултет во Загреб, Природно математичкиот факултет од Скопје и Факултетот за осигурување од Охрид.

 

8. На кој јазик ќе се спроведува обуката за актуари?

Во зависност од предавачот,обуката ќе се спроведува на македонски, хрватски или англиски јазик.

 

9. На кој јазик ќе се полагаат испитите?

Испитите се полагаат на македонски јазик.

 

10. Дали дополнително секој кандидат ќе треба да си ги набавува материјалите за учење?

Материјалите за учење се вклучени во цената на обуката и ќе бидат доставени до секој кандидат непосредно пред почетокот на предавањата за секој предмет соодветно. Во зависност од предметот и предавачите материјалите за учење можат да бидат на хрватски, англиски или македонски јазик.

 

11. Со што се стекнува кандидатот со завршување на обуката и положување на сите испити?

Со завршување на обуката и полагање на сите испити лицето се здобива со Уверение за положен стручен испит потребно за работа како овластен актуар во Македонија.

 

12. Која е постапката на лиценцирање на актуарот?

За издавање на дозвола за работа како овластен актуар, покрај Уверението за положен стручен испит потребен за работа како овластен актуар, потребно е и едногодишно работно искуство во областа на осигурување или супервизија на осигурување. Подетални информации за документацијата која е потребна да се приложи кон Барањето за добивање дозвола за работа како овластен актуар, можете да најдете во Правилникот за потребната документација за добивање дозвола за работа како овластен актуар.

 

назад...

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување