Последната промена е направена на:
23 јуни 2017 во 09:50 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е основана во 2009 година. Правната рамка за воспоставување и функционирање на Агенцијата е пропишана со Законот за супервизија на осигурување. Агенцијата има својство на правно лице и за својата работа одговара пред Собранието на Република Македонија.

Орган на управување нa Агенцијата е Советот на Експерти кој се состои од претседател и 4 члена.

Законските надлежности на Агенцијата се однесуваат на:

  • Спроведување на супервизија над друштвата за осигурување, осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурителните брокери и застапници, правните лица кои се поврзани со друштвата за осигурување и Националното биро за осигурување, како и
  • Издавање и одземање дозволи, согласности и лиценци, изрекување супервизорски мерки,  донесување подзаконски акти и давање предлози за донесување на закони, членување во меѓународни асоцијации од областа на осигурувањето, соработување со други надзорни органи и поттикнување на развојот на осигурувањето.


Мисија на Агенцијата
Агенцијата за супервизија на осигурување е основано како независно регулативно тело со надлежности и овластувања да се грижи за законско и ефикасно функционирање на пазарот на осигурување, со цел заштита на правата на осигурениците и корисниците на осигурителните услуги.
Оваа цел Агенцијата ќе ја постигне преку креирање на модерен и ефикасен осигурителен сектор, кој ќе нуди квалитетни осигурителни услуги и ќе даде значителен придонес за понатамошен развој на финансискиот сектор во земјата.

Основни принципи
Одговорност - Агенцијата ќе реагира на брз и разбирлив начин, и доследно ќе ја реализира мисијата и стратешките цели во областа на супервизијата;
Стручност - Сите активности поврзани со надлежностите на Агенцијата ќе бидат превземани на начин кој ќе обезбеди ефикасно остварување на стратешките цели, согласно највисоките стандарди во областа и разумно направени трошоци;
Совесност - Во спроведување на своите активности Агенцијата се раководи од највисоките етички стандарди во комуницирањето и соработката со сите учесници, во постапката на супервизија;   
Транспарентност - Пласирање квалитетни информации за пазарот на осигурување како и обезбедување со навремени информации за потребите на учесниците и корисниците на осигурителните услуги.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување