Последната промена е направена на:
01 август 2017 во 12:09 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Организациска структура на АСО

Правилник за организација и систематизација на работни места во
Агенцијата за супервизија на осигурување.

 

Орган на управување на Агенцијата е Советот на Експерти  составен од претседател и  четири члена.

 

Активностите на Агенцијата се извршуваат во рамките на следните сектори:

  • Сектор за регулатива и лиценцирање
    • Одделение за регулатива
    • Одделение за лиценцирање
  • Сектор за супервизија
    • Одделение за теренска супервизија
    • Одделение за вонтеренска супервизија
    • Одделение за актуарски работи и статистика
    • Одделение за истражување и развој
  • Сектор за општи и административни работи
    • Одделение за правни и административни работи
    • Одделение за финансиско сметководствени работи
    • Одделение за информатика
  • Самостојно одделение за внатрешна ревизија
  • Самостојно одделение за работи непосредно поврзани со Советот на експерти и претседателот на Советот на експерти (Кабинет на Советот на експерти)

Секторот за регулатива и лиценцирање ги врши работите кои што се однесуваат на: следење на регионалната и меѓународната регулатива во областа на осигурувањето и подготовка на иницијативи за изменување и дополнување на законска регулатива во областа на осигурувањето во Република Македонија; подготвување на подзаконски акти од областа на осигурувањето, подготвување акти (одлуки, решенија, дозволи, лиценци, согласности и сл.) со кои се одобруваат/одбиваат барања на физички и правни лица за извршување на работи во областа на осигурувањето; изготвување извештаи и анализи за својот делокруг на работа и извршување други работи кои се определени од страна на Советот на експерти и претседателот на Советот на експерти.

 

Секторот за супервизија ги врши работите кои што се однесуваат на вршење на теренска и вонтеренска супервизија на работењето на друштвата за осигурување кои вршат работи на осигурување во рамките на некоја или сите класи на осигурување во групата на неживотно осигурување или осигурување на живот, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурително брокерските друштва, осигурителните брокери, застапниците во осигурувањето, актуарите и Националното биро за осигурување. Предлага мерки на супервизија согласно Законот и подзаконските акти; го контролира работењето на актуарите;  изготвува записници, извештаи и анализи за спроведените теренски и вонтеренски супервизии; изготвува актуарски анализи и мислења врз основа на спроведена супервизија; врши анализи на пазарот на осигурување во функција на негов развој и извршува други работи кои се определени од страна на Советот на експерти и претседателот на Советот на експерти.

 

Секторот за општи и административни работи ги врши работите коишто се однесуваат на: изготвување на општи акти за статусот на Агенцијата и статусот на вработените во Агенцијата; потребата од обезбедување на средства за работа и нивна дистрибуција; водење на финансиско - сметководствените работи на Агенцијата и воспоставување и одржување на информатички систем во Агенцијата.

 

Самостојното одделение за внатрешна ревизија ги врши работите коишто се однесуваат на:  планирање,  организирање и спроведување на ревизии согласно законските прописи, меѓународните стандарди за внатрешна ревизија и воспоставените ревизорски политики на работата на Агенцијата; изготвување програма за секоја одделна ревизија; составување соодветна документацијата и изготвување информации од извршените ревизии, кои ги доставува до Советот на експерти; иницирање измени на општата регулатива за работа на Агенцијата и извршување други работи од областа на ревизијата, а кои се во надлежност на одделението и Агенцијата.

 

Самостојното одделение за работи непосредно поврзани со Советот на експерти и претседателот на Советот на експерти врши работи коишто се непосредно поврзани со работењето на Советот на експерти и претседателот на Советот на експерти; протоколарни работи; изготвување на соопштенија и информации за нивните активности;  меѓународна соработка со надлежни супервизорски институции во земјава и странство; организирање на средби и комуникација со средствата за јавно информирање; остварување на комуникација со други органи и организации;  разгледување и предлагање на мерки по иницијативи; подготвувањето на седниците на Советот на експерти; следење на извршувањето на актите донесени од страна на Советот на експерти и претседателот на Советот на експерти.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување