Последната промена е направена на:
21 ноември 2017 во 15:16 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Прес конференција за промоција на новото осигурување во земјоделството подржано од Европа Ре

subv-mzsvНа 15 септември, 2014 година во Скопје се одржа прес конференција за промоција на новото осигурување во земјоделството, подржано од Европа Ре друштво за реосигурување одговорно за имплементирање на програмата за осигурување од ризици од катастрофи и временски неприлики - Southeastern Europe Catastrophe Risk Insurance Facility (SEEC CRIF).

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, г.Климе Попоски имаше свое обраќање при што изрази огромно задоволство од промовирањето на новиот производ за индексно осигурување на остварени приноси од посеви во Македонија, наменет за продажба преку домашните друштвата за осигурување, а развиен од страна на Европа Ре.

Притоа, искажа задоволство од пристапот што го имаше Европа Ре во креирањето на новиот производ во кој се вградени најнапредни технологии за управување со ризици, применети се високи стандарди за акредитација на домашните друштвата за осигурување преку кои ќе се продаваат полисите а со тоа е направена и најдобра понуда за реосигурување што влева дополнителна сигурност во функционирањето на целиот систем. Тоа претставува дополнителна гаранција дека осигурениците ќе бидат фер и навремено обесштетени доколку нивните посеви претрпат штети под влијание на временските непогоди.

Во име на Агенцијата за супервизија на осигурување, како регулаторно тело на осигурителниот сектор, тој истакна комплетна поддршка за процесот на воведување на новиот осигурителен производ притоа истакнувајќи дека Агенцијата значително придонесе во неговото креирање. На овој начин, во рамки на својата мисија за развој на пазарот на осигурување, Агенцијата активно се вклучи во креирање соодветни услови и амбиент за понатамошен развој на осигурувањето во земјата што во континуитет треба да придонесе за раздвижување на економскиот развој и просперитет и благосостојба на граѓаните....

повеќе ...

   

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување