Последната промена е направена на:
21 ноември 2017 во 15:16 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Конкурс ЗА ДЕЦА И МЛАДИ

ВО

прва категорија на тема: ШТЕДЕЊЕ

втора категорија на тема: ОСИГУРУВАЊЕ

по повод Светскиот ден на штедењето - 31 октомври

Народната банка на Република Македонија и Агенцијата за супервизија на осигурување објавуваат конкурс за деца и млади од основното и средното образование.

Учесниците на конкурсот треба да испратат:
-        ликовна творба за учесниците од основното образование; и
-        литературна творба - поезија за учесниците од средното образование,

на зададените теми: „И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“ или „ШТО ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО“.

Крајниот рок за поднесување на творбите е 24 октомври 2014 година.

Творбите, со личните податоци (име и презиме, одделение/година/клас, училиште, адреса на живеење, град и телефонски број) задолжително се испраќаат во еден примерок на следнава адреса:

За конкурсот во прва категорија (ликовна творба - основно образование и литературна творба - средно образование), на тема:

„И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“
Народна банка на Република Македонија
бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1,1000 Скопје

За конкурсот во втора категорија (ликовна творба - основно образование и литературна творба - средно образование), на тема:

„ШТО ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО“
Народна банка на Република Македонија
бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1,1000 Скопје

За избраните најдобри творби, на учесниците ќе им бидат доделени 12 награди, и тоа:
-        по три награди за најдобар цртеж во двете категории и
-        по три награди за најдобра песна во двете категории.

На авторите на најуспешните творби ќе им биде доделена парична награда во износ од 3.000 денари со депонирање на паричниот влог во банка по нивен избор.


Доделувањето на наградите ќе се изврши на 31 октомври 2014 година (петок) во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување. За подетаљни информации ве молиме обратете се на електронската пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и на електронската пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување