Последната промена е направена на:
21 ноември 2017 во 15:16 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

На 1 и 2 октомври, 2014 година, во Белград се одржа Втората регионална конференција на Европа РЕ ”Нова генерација на осигурителни решенија”.

На конференцијата учествуваа преку педесет претставници од различни институции кои се од важност за осигурителната индустрија. Меѓу присутните беа високи државни претставници и регулатори за осигурителниот пазар од Македонија, Србија и Албанија, претставници на друштвата за осигурување и технолошки компании за мапирање на ризици, како и претставници од Светската банка, UNISDR (Секретаријат во рамките на ООН за меѓународна стратегија за намалување на катастрофите), Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија.

На конференцијата беше објаснет бизнис моделот, користите и придобивките на Европа Ре, состојбата на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа, како и можноста за зголемување на побарувачката за осигурување од невреме и катастрофални ризици - перспективи на осигурителниот сектор. Исто така, беа промовирани и иновативни осигурителни производи - осигурување од земјотрес, комбинирано осигурување од земјотрес и поплава и земјоделско осигурување, кои ќе бидат понудени на пазарот преку локалните друштва за осигурување.

Повеќе детали за конференцијата достапни се на интернет страницата: http://www.europaresric.com/.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување