Последната промена е направена на:
16 ноември 2017 во 19:28 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

На ден 20 јануари,2015 година, Агенцијата за супервизија на осигурување даде Решение за издавање на дозвола за пренос на осигурителното портфолио во рамки на групата на осигурување на живот, од Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје-Виена Иншуренс Груп како друштво за осигурување што го пренесува осигурителното портфолио, на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје како друштво за осигурување што го презема осигурителното портфолио.

 

Осигурителното портфолио во рамки на групата на осигурување на живот од ова Решение ги вклучува сите права и обврски кои произлегуваат од претходно склучените договори за осигурување во рамки на групата на осигурување на живот од страна на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје-Виена Иншуренс Груп како друштво за осигурување што го пренесува осигурителното портфолио  и средствата кои ги покриваат техничките резерви и математичката резерва во однос на овие договори.

 

Со Решението Агенцијата го задолжи Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје како друштво што го презема осигурителното портфолио, во период од пет дена последователно, во најмалку два најтиражни дневни весници на територијата на Република Македонија, да ги информира осигурениците за извршениот пренос на осигурителното портфолио и за сите релевантни факти и околности поврзани со остварување на нивните права и обврски кои произлегуваат од склучените договори за осигурување.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување