Последната промена е направена на:
16 ноември 2017 во 19:28 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

20150227_103214На ден 27.2.2015 година во просториите на Народната банка на Република Македонија се одржа работилницата на тема: Истакнување на потенцијалните влијанија на природните катастрофи врз работењето на комерцијалните банки. На работилницата учествуваа членови на Управните одбори на банките и лица одговорни за управување со ризиците во банките.

Работилницата беше организирана како заеднички проект на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), со цел зголемување на свеста за ризиците за банките, како и за целокупниот финансиски систем на земјата, коишто произлегуваат од катастрофалните ризици и временските непогоди, во услови на недостаток на доволно механизми за нивно ублажување.

Воведни обраќања на работилницата имаа г-ѓа Милица Арнаудова Стојановска, директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност при НБРМ и г. Климе Попоски, претседател на Совет на експерти на АСО.
20150227_112909

Предавачи на работилницата беа претставниците од Европа Ре, г-ѓа Маријана Лемиќ Сарамандиќ – директор за Македонија и Србија, г-ѓа Алма Ќамо – директор за Албанија и г. Андреј Ѓокиќ- одговорно лице за односи со јавност.

На работилницата беше даден осврт за ниското ниво на пенетрација за осигурување на имот и природни катастрофи во земјата, како и за потенцијалните влијанија на природните катастрофи врз работата на комерцијалните банки и финансискиот систем на земјата. Беше разгледана улогата на осигурувањето од катастрофални ризици како механизам за ублажување на ефектите од катастрофалните ризици кои би можеле да ги имаат комерцијалните банки и нивните клиенти, преку примери од европските земји.

На крај беше истакната улогата на Европа Ре во подигнување на свеста на потрошувачите и бизнисите за влијанието на природните катастрофи и развојот на осигурувањето од катастрофални ризици  во регионот преку осигурителен модел развиен од Европа Ре.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување