Последната промена е направена на:
21 ноември 2017 во 15:16 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука за вршење работи на застапување во осигурување и обука за вршење осигурително брокерски работи.

Обуката за вршење работи на застапување во осигурување во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 23, 24 и 25 Април 2015 година а обуката за вршење осигурително брокерски работи во времетраење од 5 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 23, 24, 25, 27 и 29 Април 2015 година. Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуките ќе биде објавен на интернет страницата на  Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуките.

Во рок од најмалку 15 дена од денот на  завршување на обуките, Агенцијата ќе спроведе стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи. Точниот термин за полагање на стручниот испит за вршење работи на застапување во осигурување односно стручниот испит за вршење осигурително брокерски работи ќе биде објавен на интернет страницата на  Агенцијата за супервизија на осигурување најмалку во рок од 3 дена пред одржување на стручниот испит.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување