Последната промена е направена на:
21 ноември 2017 во 15:16 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

 

Известување за термини за полагање на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи

 

Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои учествувале на обуката за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи спроведена во април 2015 година, а кои нема да го положат стручниот испит за вршење работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи со првото полагање (теоретски и практичен дел), дека согласно членот 13 став (4) од Правилникот за начинот и постапката за спроведување на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување (“Службен весник на РМ” бр. 118/2014) и Правилникот за начинот и постапката за спроведување на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (“Службен весник на РМ” бр. 118/2014) имаат можност за уште две повторни полагања на стручниот испит и тоа во следните термини:

  • Второ полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
  1. 1. прв (теоретски ) дел 25.6.2015 година
  2. 2. втор дел (практичен пример) 10.7.2015 година

 

  • Трето полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
  1. 1. прв дел – (теоретски  дел) 31.8.2015 година
  2. 2. втор дел – (практичен пример)     14.9.2015 година

 

За точното време на одржување на стручниот испит во рамки на горенаведените термини, лицата ќе бидат дополнително известени.

 

 

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување