Последната промена е направена на:
16 ноември 2017 во 19:28 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Претставки/Жалби

 

Упатство:

Претставка до Агенцијата за супервизија на осигурување (во понатамошниот текст: АСО) се поднесува со цел заштита и остварување на правата и интересите на осигурениците, корисниците на осигурување и трети оштетени лица.

 

Осигурениците, корисниците на осигурување и трети оштетени лица имаат право да поднесат претставка до АСО за работата на друштвата за осигурување и/или реосигурување, осигурително брокерските друштва, друштвата за застапување во осигурување, застапниците во осигурување и Националното биро за осигурување (во понатамошниот текст: Субјекти).

 

Доколку лицата не можат да ги остварат своите права согласно договорот за осигурување (полисата) или нивните права се загрозени со активност од страна на Субјектите, потребно е прво писмено да се обратат до истите. Доколку не се задоволни од одговорот или Субјектот не ги извести во рок од 30 дена, тогаш имаат право да поднесат претставка до АСО.

 

Претставката доставена до АСО треба да содржи:

-              копија од договорот за осигурување (доколку постои);

-              копија од претставката поднесена до Субјектот;

-              одговор по претставка од Субјектот;

-              друга документација потребна за одлучување по претставка.

 

Претставката може да се поднесе:

-              во писмена форма (непосредно во АСО или по пошта);

-              во Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; или

-              лично во АСО со изготвување на записник.

 

АСО не ги разгледува претставките за кои се води судска постапка или за нив е веќе донесена судска пресуда.

Агенцијата не постапува по анонимни и претставки со навредлива содржина.

 

Контакт

Ул. Васил Главинов бр. 12 ТЦЦ Плаза 2 кат

1000 Скопје, Република Македонија

Работно време:од понеделник до петок ( 8:30ч-16:30ч)

Тел. 02 3254 050; Факс. 02 3290 240

Е-маил. Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  
 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување