Последната промена е направена на:
23 јули 2018 во 12:30 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

finansiska edukacija

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Народната банка на Србија

 

nbs2015 (15)На свечена церемонија во Народната банка на Србија, на 26 октомври, гувернерот на Народната банка на Србија, г-ѓа Јоргованка Табакович и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.

Со Меморандумот се уредува соработката и размената на информации и податоци во областа на спроведување супервизија во осигурувањето. Со прифаќање на поканата за потпишување на Меморандумот, Народната  банка на Србија отворено ја покажа својата отвореност за регионална соработка.

nbs2015 (10)Имајќи предвид дека пазарите на осигурување во нашите земји се соочуваат со слични предизвици, соработката ќе придонесе преку размена на искуство, пракса и знаење  значително да се унапреди работењето на нашите институции и да се овозможи сеопфатна заштита на осигурениците и корисниците на осигурителни производи и услуги.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување