Последната промена е направена на:
05 декември 2017 во 15:53 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Slika_1Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, наседницата одржана на 27.10.2017 година, го усвои Извештајот на Комисијата заизбор на најдобар истражувачки труд одобласта на управување со ризици и осигурување во Р. Македонија за 2017 годинасо што го прогласи трудот на Ангела Блажеска – "Анализа навлијанието на оперативниот ризик врз деловниот успех на компаниите за неживотноосигурување во Република Македонија" за победник на Конкурсот за избор на најдобар истражувачки труд одобласта на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2017година. Победничката Ангела Блажеска изврши презентација на својот труд на7.11.2017 година пред претставници на друштвата за осигурување во Агенцијата засупервизија на осигурување.

 

Трудот претставува емпириско истражување на ефикасноста во работењето наосигурителните компании во Република Македонија од областа на неживотнотоосигурување со испитување на пет компании кои имаат најголемо учество напазарот на осигурување во Р. Македонија. Преку употреба на комплекснаквантитативна анализа, целта е да се согледа состојбата на следниве индикаторина успех: бруто полисираната премија како доминантен извор на приход,влијанието кое врз неа го имаат бројот на осигурителните полиси, ликвидиранитештети и оперативните трошоци.

Трудот е методолошки конзистентен и содржи напредна квантитативна анализа,особено во делот на VAR моделите како иновативни во испитување накоинтеграцијата на варијаблите, компарирана со соодветни емпириски современистрански истражувања, и истата претставува основа за генерирање на поединечнинаоди за селектираните компании и генерални заклучоци за истите. Оперативниотризик за компаниите е еден од круцијалните фактори кој влијае на деловниотуспех на македонските компании, и на кој, особено на делот на оперативнитетрошоци, компаниите не фокусираат соодветно внимание и усовршување на интернитепроцеси.Slika_2

Трудот, во тој контекст, има додадена вредност за осигурителниот пазар иистиот е корисен имајќи ги во предвид квантитативните наоди, кои треба да секористат во работењето на компаниите, но сепак со ограничено влијание. Трудот едоминантно ориентиран кон квантитативната анализа на оперативниот ризик, и воистиот има дополнителен простор за длабинска анализа на вкупните перформанси накомпаниите и потреба за подетална квалитативна анализа на оперативниот ризик инеговите фактори.

Tрудот на авторот

Презентација

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување