Последната промена е направена на:
25 септември 2018 во 09:11 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
IMG_4747

На свечена церемонија во седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување, на 2 јули, претседателот на Советот на експерти г. Климе Попоски ,и заменик претседателот на Регулаторното тело за супервизија на осигурување на Турција (Undersecretariat of treasury), г. Ахмет Генк, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.

Со Меморандумот се уредува соработката и размената на информации и податоци во областа на спроведување супервизија во осигурувањето. Со потпишување на Меморандумот двете страни изразија интерес и волја за поблиска соработка во иднина и размена на искуства од областа,IMG_4759

Имајќи предвид дека пазарите на осигурување во нашите земји се соочуваат со слични предизвици, соработката ќе придонесе преку размена на искуство, пракса и знаење  значително да се унапреди работењето на нашите институции и да се овозможи сеопфатна заштита на осигурениците и корисниците на осигурителни производи и услуги. Исто така, соработката со Турскиот регулатор ќе овозможи пренос на знаења за воспоставување и супервизија на тамошните решенија за справување со последиците од природните непогоди кои се засновани на принципите на јавно-приватно партнерство преку осигурителните пулови за земјоделско осигурување (TARSIM) и за осигурување од земјотрес (TCIP).

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување