Последната промена е направена на:
25 јули 2019 во 10:24 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

На 9 Април во Виена, Австрија, ќе се одржи Меѓународен форум за имотно осигурување “Property Insurance Forum”.  Целта на настанот е да се согледа влијанието и отпорноста на општествата на климатските ризици и сајбер ризиците. Претседателот на Советот на експерти, г-ин Климе Попоски ќе биде дел од панелот на кој ќе се разговара за зајакнување на отпорноста кон климатските ризиците преку зголемување на осигурителното покритие, и тоа во друштво со Извршниот директор на Осигурителниот пул за осигурување од природни непогоди на Романија г-ѓа Nicoleta Radu и Директорот на Шпанскиот конзорциум за осигурително покритие г-ин Alejandro Izuzquiza Ibáñez de Aldecoa.

Климатските ризици отсекогаш предизвикувале настани со сериозни последици, со огромни материјални и човечки загуби кои често останувале врежани во меморијата. Во последниве децении нивната катастрофална природа стана сè поголема закана за отпорноста на општествата кон ваквиот вид на ризици. За разлика од климатските ризици, сајбер-ризиците се ризици кои допрва се појавуваат, но веќе демонстрираат потенцијално катастрофално влијание кое треба подобро да се разбере и процени.

Еден од главните заеднички елементи на климатските ризици и сајбер ризиците се, недоволната подготвеност и преземените активности за нивно ублажување, како и значителниот јаз во однос на покриеноста со осигурувањето. Во двата случаи, осигурителната индустрија може да игра значајна улога не само во покривањето на финансиските загуби, туку и во помагањето на носителите на политиките и другите заинтересирани тела за подобра проценка и управување со ризиците.

На Меѓународниот форум за имотно осигурување ќе се разговара за горенаведените проблеми, исто така фокусирајќи се на улогата што може да ја имаат најновите технологии во помагањето на осигурителната индустријата да се справи со тековните и идните предизвици, на начин на кој што клиентите би биле подобро услужени.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување