Последната промена е направена на:
21 мај 2019 во 12:31 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

Во периодот од 11-12  април, во Братислава, Република Словачка, се одржa Конференција за синергијата помеѓу осигурувањето на живот и пензиското осигурување, во организација на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS), Меѓународната организација на пензиски супервизори (IOPS), Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и Народна банка на Република Словачка (NBS). Целта на настанот е да се согледа важноста на акумулирањето и управувањето на средствата и обврските на начин кој ќе обезбеди поддршка за раст и сигурност на приходите од пензија. Претседателот на Советот на експерти, г. Климе Попоски учестуваше со презентација и како учесник на панел на кој се разговараше за пристапот на регулаторите во однос на третманот на долгорочни финанскски производи во осигурувањето и пензиските фондови, и тоа во друштво со г. Preston Rutledge, асистент на државниот секретар на Департментот за труд на САД, г.Conor Donaldson, Раководител на комитетот за имплементација во Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори,  професор Karel Van Hulle од  Католичкиот универзитет Лувен, Белгија и почесен професор на Универзитетот Гете во Франкфурт и поранешен раководител при Европска Комисија на одделот за осигурување и г-ѓа Manuela Zweimüller, Директор на одделот за регулатива при Европскиот регулатор за осигурување и пензии  (EIOPA).

bratislava

На панелот се разговараше за сличностите и разликите помеѓу регулаторниот третман на долгорочните производи во осигурителниот и пензискиот сектор, како и за трендовите во осигурување и пензии, при тоа идентификувајќи неколку заеднички и фундаментални предизвици.

При тоа, Претседателот на Совет на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување г. Климе Попоски ги истакна позитивните резултати во развојот на осигурувањето на живот во последната деценија, кои бележат најголем кумулативен раст од 455%  и просечен годишен раст од 21% помеѓу земјите од Југоисточна Европа. „Ефективна, ефикасна и независна супервизија која ги имплементира во своето работење меѓународните регулаторни принципи пропишани од страна на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори, хармонизирање се европските осигурителни директиви, активностите на финансика едукација, како и поволниот макроекономски амбиент, монетарна и финансиска стабилност и силно присуство на осигурителни групации од ЕУ во нашата земја, претставуваат клучни фактори за постигнатите резултати“, посочи Попоски во својата презентација.

 

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување