Циркулар за усогласување согласно член 9 од Правилникот за стандарди на информациските системи
Циркулар за усогласување согласно член 9 од Правилникот за стандарди на информациските системи
Циркулар за усогласување согласно член 9 од Правилникот за стандарди на информациските системи
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри,Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2024 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000 денари.
Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:
Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Северна Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2024 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.
Вработените и членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување немаат право на учество на конкурсот.
Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или англиски јазик.
Еден автор има право да поднесе само еден самостоен труд. Трудовите изработени во коавторство не се прифатливи.
На конкурсот авторите имаат право да конкурираат и со веќе објавени трудови во текот на 2024 година. При поднесувањето на трудот, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.
Конкурсот ќе се смета за успешен доколку се пријават најмалку 3 (три) истражувачки труда кои ги исполнуваат наведените услови.
Трудовите се поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување по електронски пат, на адреса: konkurs@aso.mk, со назнака: „За годишна награда на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024година“.
Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.
Изборот на најдобар труд го врши Комисија која се состои од пет члена, од кои најмалку тројца се надворешни членови. Членовите на Комисијата ги назначува Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување со одлука која ќе се објави на интернет-страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Краен рок за доставување на трудовите е 30.9.2024 година.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување ќе се додели на 1.11.2024 година, по повод денот на основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Како регулатор во осигурувањето Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) води особена грижа за едукација на сите граѓани
– актуелни или идни осигуреници. Заради тоа целта на оваа брошура е да даде најосновни насоки и објаснувања во врска со осигурувањето имот
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и годинава активно се приклучува во глобалната акција за подигнување на свесноста на населението за потребата од осигурување, во рамки на Глобалната недела на парите:
За вас, почитувани читатели, ценети сограѓани и сограѓанки, актуелни и потенцијални осигуреници подготвивме бројни и богати едукативни содржини кои ќе ви помогнат да ги надградите вашите познавања за осигурувањето.
Осигурувањето не е луксуз ниту трошок, осигурувањето е потреба која обезбедува финансиска сигурност и материјална благосостојба за вас и за вашите најмили. Затоа низ поучни и лесно разбирливи едукативни содржини научете зошто ви е потребно осигурувањето за вас и вашите најблиски.
Во седмицата што е пред нас, во рамки на Глобаалната недела на парите која се одржува под мотото „Заштити ги своите пари, осигурај ја својата иднина“, ќе споделуваме повеќе едукативно-информативни содржини кои ќе придонесат за зајакнување на свесноста за потребата од осигурување, за вашите права како осигуреници и за тоа како да одберете осигурување согласно вашите потреби. По иницијатива на АСО, во овој глобален настан активно и масовно се вклучуваат и субјектите од осигурителната индустрија односно осигурителните компании и осигуртелно-брокерските друштва.
За повеќе да се информирате посетете го нашиот едукативен сајт www.edukacija.aso.mk.
Повелете, приклучете се и проширете ги своите знаења од областа на осигурувањето.
Не заборавајте да не следите на профилите на АСО на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Линкдин“