Последната промена е направена на:
17 април 2018 во 14:13 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk

finansiska edukacija

Регионална актуарска конференција – 22 февруари 2018 година

SC XPRIMM International во соработка со Агенцијата за супервизија на осигурување организираат регионална актуарска конференција, која за прв пат ќе се одржи во Скопје на  22 февруари 2018 година.

SC XPRIMM International SRL во изминатиот период се промовираше како квалитетна институција која го следи развојот и трендовите на осигурувањето, со посебен акцент на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, и земјите од Заедницата на Независни Држави (ЗНД) со тоа што за сите земји објавува редовни известувања со настани од осигурителниот сектор, проследени со редовни тромесечни статистики и годишни профили на земји.Исто така, SC XPRIMM International SRL се појавува како организатор и партнер во организирање на тематски конференции од областа на осигурувањето кои се промовираат како редовни годишни настани и кои се повеќе добиваат на значење и посветеност.

Таргет групата на посетители на конференцијата покрај актуарите, се и поширок спектар на учесници од осигурителната заедница, претставници од пензиските друштва и креаторите на економските политики во земјата и странство од причина што работата на актуарите станува сé покомплексна и треба да има централно место во организационата поставеност друштвата за осигурување.

Повеќе детали за конференцијата и пријавување на следниов линк

http://www.internationalinsuranceforum.com/actuarial/

 
Наградени на конкурсот „Светски ден на штедење“ (на теми: „И јас умеам да штедам“ и „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“)
Добивме преку 780 ликовни и литературни творби од ученици за конкурсот по повод Светскиот ден на штедењето. Го објавуваме списокот на наградени творби, а на сите останати им честитаме за учеството - навистина добивме прекрасни идеи на поставените теми.

Јавното доделување...
 
Реализирана работна посета со претставници од Регулаторот на финансиски пазар на Австрија
      На 5.7.2017 година, Агенцијата за супервизија на осигурувањеорганизираше Работилница со претставници од Регулаторот на финансиски пазар наАвстрија (FMA) и Асоцијацијата на осигурители на Австрија (VVO), на којаучесници беа членовите на органите на управување на...
 
Глобална недела на пари
Во периодот од 27 март до 2 април, 2017 година ќе се одвива традиционалниот настан ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИ. Овој настан се случува на глобално ниво и е со единствена цел да се зголеми финансиското знаење на населението. 

Агенцијата за супервизија на осигурување е голем...
 
Доделена награда на Агенцијата за супервизија на осигурување
    На 17-ти февруари на свечен и достоен начин Стопанската комора на Македонија како најстарата и најбројната бизнис асоцијација во земјата ја одбележа  95 годишнината од своето постоење и функционирање. На оваа манифестација како партнер на Комората беше поканета...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 1 од 11

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување