Последната промена е направена на:
26 септември 2018 во 08:36 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Доделување на награди за најдобри ликовни и литературни творби по повод меѓународниот ден на штедење

IMG_2843_cr

Денес, во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на штедењето, а по повод распишаниот Конкурс за деца и млади од страна на Народната банка на Република Македонија и на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во просториите на Агенцијата беа доделени 12 рамноправни парични награди, од кои шест за ликовна творба на ученици од основното образование и шест за литературна творба на ученици од средното образование.

Наградите ги доделија гувернерот на Народната банка на Република Македонија, г. Димитар Богов, и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, г. Климе Попоски.

Освен наградените ученици, на настанот присуствуваа и учениците од основните и средни училишта коишто доставија литературни и ликовни творби на зададените теми: „И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“, или „ШТО ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО“.

Во завршницата на настанот, присутните имаа можност да ја разгледаат изложбата од литературните и ликовните творби.
 
Прес конференција за промоција на новото осигурување во земјоделството подржано од Европа Ре
На 15 септември, 2014 година во Скопје се одржа прес конференција за промоција на новото осигурување во земјоделството, подржано од Европа Ре друштво за реосигурување одговорно за имплементирање на програмата за осигурување од ризици од катастрофи и временски неприлики -...
 
Прес конференција за промоција на новото осигурување во земјоделството подржано од Европа Ре
На 15 септември, 2014 година во Скопје се одржа прес конференција за промоција на новото осигурување во земјоделството, подржано од Европа Ре друштво за реосигурување одговорно за имплементирање на програмата за осигурување од ризици од катастрофи и временски неприлики -...
 
Информација за реализирани настани во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување
Во периодот од 2 до 5 јуни 2014 година Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се јави како организатор и домаќин на повеќе настани од регионално и меѓународно значење за супервизијата на осигурувањето. На настаните присуствуваа вкупно 81 претставници и учесници од...
 
Испит за осигурителни брокери 13.05.2014
Агенцијата за супервизија на осигурување  ги информира лицата кои се пријавиле на обука и испит за осигурителни брокери, и тоа:

Испит за  осигурителни брокери ќе се спроведе на 13.05.2014 година  во просториите на Европски Универзитет со почеток во 15:30 часот...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 3 од 11

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување