Последната промена е направена на:
05 декември 2018 во 15:46 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Организиран еднодневен семинар на тема техники и можности за инвестирање и управување со портфолио

konferencija Stopanska komoraАгенцијата за супервизија на осигурување организираше еднодневен семинар на тема техники и можности за инвестирање и управување со портфолио.

Семинарот се одржа на 14ти септември, од 10 до 14 часот, во просторите на Стопанската комора на Македонија. Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата, г. Климе Попоски, ја отвори средбата и им посака добредојде на учесниците. Предавачи на овој семинар беа:

-          Мира Шекутковска, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, член на управен одбор, и

-          м-р Горан Марковски, CFA, КБ Публикум инвест АД Скопје, главен извршен директор.

На семинарот присуствуваа одговорните лица за вложување, портфолио менаџери, како и претставници од секторите за финансии на друштвата за осигурување.

Семинарот беше организиран со цел да промовира техники и можности за инвестирање и управување со портфолио, преку доближување на  искуството на друштвата за управување со пензиски фондови и друштвата за управување со инвестициски фондови како сродни институции од македонскиот финансиски систем во делот на спроведувањето на инвестициската стратегија.

 
Склучен Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Комисијата за супервизија на осигурување од Романија
На ден 21 февруари, 2011 година двете регулаторни тела, Агенцијата за супервизија на осигурување на Македонија и Комисијата за супервизија на осигурување на Романија, потпишаа Меморандум за соработка. Овој Меморандум претставува основа и отвара простор за понатамошна...
 
Спроведена обука за вработените во Агенцијата за супервизија на осигурување
   Со цел ефикасно спроведување на своите законски надлежности и активности, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) континуирано вложува во заjакнување на капацитетите на супервизијата преку воспоставување и имплементација на систем на континуирана...
 
Склучен Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Народната Банка
 

На ден 18 јануари, 2011 година Агенцијата за супервизија на осигурување ја продлабочи соработката со Народната Банка, со потпишување на Меморандум за соработка.

Овој Меморандум претставува добра основа и отвара простор за понатамошна успешна соработка меѓу двете...
 
Потпишан меморандум за соработка меѓу АСО и МАПАС
На 14 декември 2010 година, Агенцијата за супервизиуја на осигурување (АСО) и Агенцијата за супервизија на капитално финанасираното пензиско осигурување (МАПАС) потпишаа Меморандум за соработкиа.
Меморандумот како еден вид законска рамка го уредува начинот на соработка...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 8 од 12

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување