Последната промена е направена на:
14 ноември 2019 во 11:13 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Регионална конференција: Развој на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа: Од концепт до реалност

 

Првата регионалната конференција на ЕВРОПА РЕ насловенa Развој на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа: Од концепт до реалност ќе се одржи во х.Гранит, Охрид, од  12 до 15 октомври 2011 година.

Агенцијата за супервизија на осигурување се јавува во улога на ко-организатор на оваа конференција, заедно со ЕВРОПА РЕ, Светската банка, UNISDR (Секретаријат во рамките на ООН за меѓународна стратегија за намалување на катастрофите) и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија. 

Конференцијата ќе има за цел да промовира концептот на  ЕВРОПА РЕ во развојот  на пазарите  на осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа.

На конференцијата ќе присуствуваат високи владини претставници, претставници на регулаторни тела, осигурителни компании, како и на компании за мапирање ризици со цел да ги претстават комплексните осигурителни производи кои треба да бидат развиени во регионот на Југоисточна Европа со поддршка на Светската Банка.

 

Агенда и образец за регистрација тука

 
Организиран еднодневен семинар на тема техники и можности за инвестирање и управување со портфолио
Агенцијата за супервизија на осигурување организираше еднодневен семинар на тема техники и можности за инвестирање и управување со портфолио.

Семинарот се одржа на 14ти септември, од 10 до 14 часот, во просторите на Стопанската комора на Македонија. Претседателот на...
 
Склучен Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Комисијата за супервизија на осигурување од Романија
На ден 21 февруари, 2011 година двете регулаторни тела, Агенцијата за супервизија на осигурување на Македонија и Комисијата за супервизија на осигурување на Романија, потпишаа Меморандум за соработка. Овој Меморандум претставува основа и отвара простор за понатамошна...
 
Спроведена обука за вработените во Агенцијата за супервизија на осигурување
   Со цел ефикасно спроведување на своите законски надлежности и активности, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) континуирано вложува во заjакнување на капацитетите на супервизијата преку воспоставување и имплементација на систем на континуирана...
 
Склучен Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Народната Банка
 

На ден 18 јануари, 2011 година Агенцијата за супервизија на осигурување ја продлабочи соработката со Народната Банка, со потпишување на Меморандум за соработка.

Овој Меморандум претставува добра основа и отвара простор за понатамошна успешна соработка меѓу двете...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 9 од 13

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување