Последната промена е направена на:
23 февруари 2018 во 13:42 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Спроведена обука за вработените во Агенцијата за супервизија на осигурување

Во насока на континуирана едукација и стручно усовршување на вработените, претходно воспоставената соработка на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и Централната банка на Холандија (De Nederlandsche Bank- DNB) продолжи и  во 2016 година.

 

 На 1 и 2 март 2016 година, во седиштето на АСО, од страна на експерти од DNB беше реализирана обука со цел да се пренесат знаења и искуства во делот на спроведување супервизија на реосигурителните активности на друштвата за осигурување. На обуката, од страна на експертите од DNB, беа презентирани видовите на реосигурителни продукти, улогата на регулативата и супервизијата, како и начинот на спроведување супервизија на реосигурителните активности.

holland2

 

Исто така, на еден дел од обуката беа присутни претставници на Македонското Актуарско Здружение „Актуар“. Пред актуарите од осигурителната индустрија беше презентирана улогата и одговорноста на актуарите во подготовката на програмата за реосигурување на друштвата за осигурување, одредување на нивото на самопридржај и сл.


Преку соработката со Централната банка на Холандија, супервизорите од АСО се стекнаа со знаење и искуства кои понатаму ќе им помогнат за унапредување и усовршување на начинот на вршење супервизија врз субјектите на осигурување во Република Македонија.

 
Одбележување на Денот на осигурувањето, 1 ноември, 2015 година
   Агенцијата за супервизија на осигурување, по повод  одбележување на Денот на осигурувањето,  1-ви ноември, пред претставници од осигурителната индустрија и претставници од други државни институции и регулаторни тела, одржа свечена манифестација.

   На...
 
Приказ на предавачи и содржини на конференцијата
г. Питер БРАУМУЛЕР - раководител на Сектор за супервизија на осигурување во FMA, Австрија, член  на Извршниот комитет на IAIS, заменик-претседател на  Одборот на EIOPA

Премин од Солвентност I на Солвентност II - предизвик за друштвата за осигурување и...
 
Предизвици и трендови на глобалната осигурителна индустрија и нивното влијание на осигурителната индустрија во Македонија
Агенцијата за супервизија на осигурување на 11 септември 2015 година, организираше еднодневна конференција насловена „Предизвици и трендови на глобалната осигурителна индустрија и нивното влијание на осигурителната индустрија во Македонија“.

Конференцијата имаше за...
 
Одбележување на Денот на осигурувањето
Агенцијата за супервизија на осигурување, на 1-ви ноември, 2014 година, во 11ч. во хотелот “Александар Палас”, одржа свечена манифестација по повод Денот на осигурувањето. На настанот свечено обраќање имаа г. Климе Попоски, претседател на Совет на експерти на Агенцијата за...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 2 од 11

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување