Последната промена е направена на:
10 декември 2018 во 11:04 часот.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Albanian
header_mk
Склучен Меморандум за соработка со Агенцијата за супервизија на осигурвање на Црна Гора

На 21 април 2010, Агенцијата за супервизија на осигурување на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Агенцијата за супервизија на осигурвање на Црна Гора. Овој документ е во функција на зајакнување и продлабочување на соработката на двата регулаторни органи во областа на супервизија на осигурување. Меморандумот за соработка го потпишаа г. Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата од Македонија и г. Владимир Каварич, претседател на Советот на Агенцијата од Црна Гора.

Се очекува преку размена на информации и податоци значително да се придонесе за понатамошен развој на осигурувањето, поголема транспарентност како на домашниот така и на странските пазари и ќе се придонесе кон поголема ефикасност на супервизорската функција.

 
Склучен Меморандум за соработка со Агенцијата за регулирање на финансискиот пазар во Република Албанија (AFSA)
На  19 април 2009 година, беше организирана  церемонијална средба во просториите на Агенцијата за регулирање на финансискиот пазар во Република Албанија (AFSA),  со цел потпишување на меморандум за соработка меѓу AFSA и Агенцијата за супервизија на осигурување на...
 
Деловна средба со Македонското актуарско здружение “Актуар”
На 16 април 2010, Агенцијата за супервизија на осигурување одржа деловна средба со Македонското актуарско здружение “Актуар”. На средбата присуствуваа Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата,  г. Климе Попоски и актуарите во својство на членови на...
 
Склучен Меморандум за соработка со Управа за спречување перење пари и финансирање на тероризам
На 7 април 2010, Агенцијата за супервизија на осигурување потпиша Меморандум за соработка со Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Овој документ е во функција на зајакнување на системот за спречување перење пари и финансирање на тероризам во...
 
Склучен Меморандум за соработка со Комисија за хартии од вредност
На 7 април 2010, Агенцијата за супервизија на осигурување потпиша Меморандум за соработка со Комисијата за хартии од вредност. Овој документ е во функција на зајакнување и продлабочување на соработката на двете институциии во областите кои се предмет на заеднички...
 
« ПочетокПред1112СледноКрај »

Страница 11 од 12

Анкета

Дали сметате дека нашата интернет страница ги задоволува вашите потреби?
 
Дали сметате дека информациите на нашата интернет страница се лесно достапни?
 

 

 

  • Потребна документација
  • Тарифник на АСО
  • Мисија
  • Квартални извештаи
  • Прашајте ја АСО
  • Закони
  • Регистар на друштва за осигурување