Обука за брокери 2019 година

Скопје 26.2.2019 година

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

за спроведување на обука и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи

 

Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).

 

Обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 26-28.9.2019 и 5.10.2019 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на Бул. “Климент Охридски” бр.68 во Скопје. Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и точните термини и деталниот распоред за одржување на испитот ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката односно испитот.

По завршување на обуката за брокер, Агенцијата ќе спроведе стручен испит за брокер. Кандидатите кои нема да го положат стручниот испит за брокер со првото полагање имаат право на две повторни полагања на испитот во рок од 6 месеци од денот на завршување на обуката и тоа во следните термини:

 

 Прво полагање

Прв дел (теоретски дел) на 24.10.2019 година

Втор дел (практичен пример) на 20.11.2019 година

 

 Второ полагање

Прв дел (теоретски дел) на 27.11.2019 година

Втор дел (практичен пример) на 31.12.2019 година.

 

 Трето полагање

Прв дел (теоретски дел) на 3.1.2020 година.

Втор дел (практичен пример) на 24.1.2020 година.

 

Доколку дојде до измена на датумите за одржување на стручниот испит за брокер, Агенцијата за супервизија на осигурување навремено ќе ги извести кандидатите преку соопштение на својата web страница.

 

Стручниот испит за брокер ќе се спроведува во просториите на Испитниот Центар кои се наоѓаат во Правниот факултет “Јустинијан Први” Скопје, адреса Бул. Гоце Делчев 9б, 1000 Скопје.

 

Кандидатите кои успешно ќе го положат стручниот испит за брокер ќе се здобијат со Уверение за положен стручен испит за брокер.

Кандидатите кои три пати едноподруго нема да го положат стручниот испит за застапник, го губат правото за повторно полагање на испитот предвиден со обуката.

Со обуката за брокер се опфатени 9 (девет) подрачја – модули и тоа:

  1. Основи на управување со ризик и осигурување;
  2. Законска регулатива од областа на осигурување;
  3. Трговско и облигационо право;
  4. Посредување во осигурување и етички кодекс;
  5. Осигурување на живот;
  6. Неживотно осигурување;
  7. Финансиски аспекти на работењето;
  8. Снимање на ризик и посредување при реализирање на штети; и
  9. Реосигурување.

 

Деталната содржина на секој од модулите од обуката за брокер е разработена во Наставната програма за полагање стручен испит за брокер која ја утврдува Агенцијата и во која се содржани градивото, прописите и литературата. Наставната Програма е објавена на веб страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Начинот и постапката за спроведување на обуката и стручниот испит за брокер детално е пропишана со Правилникот за начин и постапка за спроведување на обука за вршење осигурително брокерски работи (“Службен весник на Република Македонија” бр.24/2015 и 16/2017) и Правилникот за начин и постапка за спроведување на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (“Службен весник на Република Македонија” бр.118/2014 и 16/2017).

За учество на обуката и полагање на стручниот испит за брокер лицето треба да има завршено четиригодишно средно образование.

Сите заинтересирани лица, најдоцна до 13.9.2019 година, може да се пријават за учество на обуката и полагање на стручниот испит за брокер со поднесување на следните документи (со назнака: Пријава за обука/Барање за полагање на испит за брокер) до Агенцијата за супервизија на осигурување (адреса: ул.Македонија бб – Палата Лазар Поп Трајков, V кат, Скопје):

  1. Пополнет образец – Пријава за учество на обука за брокер/Барање за полагање на стручен испит за брокер (достапен на интернет-страницата на Агенцијата, или во архивата на Агенцијата);
  2. Копија од лична карта;
  3. Уверение односно Диплома за завршено четиригодишно средно образование (IV степен) или повисок степен на образование, во оригинал или заверено од овластено лице – нотар; и
  4. Доказ за уплатен надоместок за учество на обука и за полагање на стручниот испит за брокер.

Доколку личното име и презиме на некој од документите наведени погоре не е идентично со оние наведени во Пријавата/Барањето, потребно е кон барањето лицето да приложи и извод од матична книга на венчани односно решение за промена на личното име односно презиме.

Надоместокот за учество на обуката и за полагање на стручниот испит за брокер е утврден во Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата (“Службен весник на Република Македонија” бр.147/2009, 149/2009, 154/2009, 20/2012, 130/2013, 1/2015, 22/2016 и 16/2017) и истиот изнесува 14.000 денари.

 

Доказот за уплатен надоместок треба да ги содржи следните податоци:

ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: Учество на обука и полагање стручен испит за

брокер

НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: Агенција за супервизија на осигурувањето – Скопје
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: Стопанска банка АД – Скопје
СМЕТКА: 200002007041251
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НЛБ Банка АД – Скопје
СМЕТКА: 210065288480132

 

Деталните распореди за спроведувањето на обуката и стручниот испит, ќе бидат дополнително објавувани на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.

НАПОМЕНА:

Поради ограничените капацитети за спроведување на стручниот испит, бројот на кандидатите за учество на обуката односно испитот е ограничен, па пријавувањето ќе се врши согласно принципот прв дојден-прв услужен.

 

Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит кои ќе бидат доставени по пополнувањето на максималниот можен број на кандидати како и пријавите/барањата кои ќе бидат доставени по истек на рокот за доставување на истите, нема да бидат земени предвид.

 

 

АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ

Во врска со Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи, двете објавени на ден 6.9.2019 година, Ве информираме дека заклучно со денешниот ден – 11.9.2019 година (10.30 часот) пополнети се капацитетите за учество на обуката и стручните испити.

Поради горенаведеното, Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник односно осигурителен брокер кои ќе бидат доставени по објвавување на ова Соопштение, нема да бидат земени во предвид.

  1. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за осигурителни брокери -практичен дел на 20.5.2019 од 14:00 до 16:00 часот
  2. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за осигурителни брокери -практичен дел на 20.5.2019 од 14:00 до 16:00 часот
  3. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за осигурителни брокери -теоретски дел на 22.5.2019 од 14:00 до 16:00 часот
  4. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за осигурителни брокери -практичен дел на 6.6.2019 од 14:00 до 16:00 часот
  5. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за осигурителни брокери -теоретски дел на 10.6.2019 од 14:00 до 16:00 часот
  6. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за осигурителни брокери - практичен дел на 25.6.2019 од 14:00 до 16:00 часот
  7. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за осигурителни брокери теоретски дел на 24.10.2019 од 14:00 до 16:00 часот;
  8. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за осигурителни брокери-практичен дел на ден 20.11.2019 година од 14:00-16:00 часот
  9. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за осигурителен брокер-теоретски дел на 27.11.2019 година од 14:00 до 16:00 часот
  10. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за осигурителен брокер на 17.12.2019 година од 14:00 - 16:00 часот
  11. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за осигурителни брокери на ден 9.1.2020 година од 14:00 до 16:00 часот
  12. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за осигурителен брокер на ден 24.1.2020 година од 14:00 до 16:00 часот