Обука за застапници 2019 година

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување

 

Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник).

Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 26-28.9.2019 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на Бул. “Климент Охридски” бр.68 во Скопје.

Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и точните термини и деталниот распоред за одржување на испитот ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката односно испитот.

По завршување на обуката за застапник, Агенцијата ќе спроведе стручен испит за застапник. Кандидатите кои нема да го положат стручниот испит за застапник со првото полагање имаат право на две повторни полагања на испитот во рок од 6 месеци од денот на завршување на обуката и тоа во следните термини:

 

 Прво полагање

Прв дел (теоретски дел) на 24.10.2019 година

Втор дел (практичен пример) на 20.11.2019 година

 

 Второ полагање

Прв дел (теоретски дел) на 27.11.2019 година

Втор дел (практичен пример) на 31.12.2019 година.

 

 Трето полагање

Прв дел (теоретски дел) на 3.1.2020 година.

Втор дел (практичен пример) на 24.1.2020 година.

 

Доколку дојде до измена на датумите за одржување на стручниот испит за застапник, Агенцијата за супервизија на осигурување навремено ќе ги извести кандидатите преку соопштение на својата web страница.

Стручниот испит за застапник ќе се спроведува во просториите на Испитниот Центар кои се наоѓаат во Правниот факултет “Јустинијан Први” Скопје, адреса Бул. Гоце Делчев 9б, 1000 Скопје.

Кандидатите кои успешно ќе го положат стручниот испит за застапник ќе се здобијат со Уверение за положен стручен испит за застапник.

Кандидатите кои три пати едноподруго нема да го положат стручниот испит за застапник, го губат правото за повторно полагање на испитот предвиден со обуката.

Со обуката за застапник се опфатени 6 (шест) подрачја – модули и тоа:

  1. Основи на управување со ризик и осигурување;
  2. Законска регулатива од областа на осигурување;
  3. Трговско и облигационо право;
  4. Застапување во осигурување и етички кодекс;
  5. Осигурување на живот;и
  6. Неживотно осигурување.

Деталната содржина на секој од модулите од обуката за застапник е разработена во Наставната програма за полагање стручен испит за застапник во осигурување која ја утврдува Агенцијата и во која се содржани градивото, прописите и литературата. Наставната Програма е објавена на веб страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Начинот и постапката за спроведување на обуката и стручниот испит за застапник детално е пропишана со Правилникот за начин и постапка за спроведување на обука за вршење работи на застапување во осигурување (“Службен весник на Република Македонија” бр.24/2015 и 16/2017) и Правилникот за начин и постапка за спроведување на стручен испит а вршење работи на застапување во осигурување (“Службен весник на Република Македонија” бр.118/2014 и 16/2017).

За учество на обуката и полагање на стручниот испит за застапник лицето треба  да има најмалку средно образование.

Сите заинтересирани лица, најдоцна до 13.9.2019 година, може да се пријават за учество на обуката и полагање на стручниот испит за застапник со поднесување на следните документи (со назнака: Пријава за обука/Барање за полагање на испит за застапник) до Агенцијата за супервизија на осигурување (адреса:ул. Македонија бб – Палата Лазар Поп Трајков, V кат, Скопје):

  1. Пополнет образец – Пријава за учество на обука за застапник/Барање за полагање на стручен испит за застапник (достапен на интернет-страницата на Агенцијата или во архивата на Агенцијата);
  2. Копија од лична карта;
  3. Уверение односно Диплома за завршено средно образование или повисок степен на образование, во оригинал или заверено од овластено лице – нотар; и
  4. Доказ за уплатен надоместок за учество на обука и за полагање на стручниот испит за застапник во осигурување.

Доколку личното име и презиме на некој од документите наведени погоре не е идентично со оние наведени во Пријавата/Барањето, потребно е кон барањето лицето да приложи и извод од матична книга на венчани односно решение за промена на личното име односно презиме.

 

Надоместокот за учество на обуката и за полагање на стручниот испит за застапник е утврден во Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата (“Службен весник на Република Македонија” бр.147/2009, 149/2009, 154/2009, 20/2012, 130/2013, 1/2015, 22/2016 и 16/2017) и истиот изнесува 7.000 денари.

 

Доказот за уплатен надоместок треба да ги содржи следните податоци:

ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: Учество на обука и полагање стручен испит за

застапник

НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: Агенција за супервизија на осигурувањето – Скопје
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: Стопанска банка АД -Скопје
СМЕТКА: 200002007041251 или
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НЛБ Банка АД – Скопје
СМЕТКА: 210065288480132

 

Деталните распореди за спроведувањето на обуката и стручниот испит, ќе бидат дополнително објавувани на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.

 

НАПОМЕНА:

Поради ограничените капацитети за спроведување на стручниот испит, бројот на кандидатите за учество на обуката односно испитот е ограничен, па пријавувањето ќе се врши согласно принципот прв дојден-прв услужен.

 

Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит кои ќе бидат доставени по пополнувањето на максималниот можен број на кандидати како и пријавите/барањата кои ќе бидат доставени по истек на рокот за доставување на истите, нема да бидат земени предвид.

 

АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ

Во врска со Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи, двете објавени на ден 6.9.2019 година, Ве информираме дека заклучно со денешниот ден – 11.9.2019 година (10.30 часот) пополнети се капацитетите за учество на обуката и стручните испити.

Поради горенаведеното, Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник односно осигурителен брокер кои ќе бидат доставени по објвавување на ова Соопштение, нема да бидат земени во предвид.

  1. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување, просторија бр. 1, од 09:00 - 11:00 на 16.4.2019 година;
  2. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување, просторија бр. 1, од 11:30 - 13:30 на 16.4.2019 година;
  3. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување, просторија бр. 1, од 14:00 - 16:00 на 16.4.2019 година;
  4. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за застапници во осигурување-практичен дел од 09:00 -16: 00 часот на ден 16.5.2019 година
  5. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за застапници во осигурување-теоретски дел на ден 21.5.2019 година
  6. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за застапници во осигурување-практичен дел на 5.6.2019 година
  7. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за застапници во осигурување-Теоретски дел на 7.6.2019 година
  8. Список на пријавени кандидати за полгање на стручен испит за застапници во осигурување -практичен дел на 24.6.2019 година
  9. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за застапници во осигурување теоретски дел на 24.10.2019 од 09:00 до 16:00 часот
  10. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за застапници во осигурување - теоретски дел на ден 27.11.2019 година од 09:00 до 13:30 часот
  11. Список на пријавени кандидати за полагање стручен испит за застапници во осигурување-практичен дел на 15.11.2019 година од 14:00-16:00 часот
  12. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за застапници во осигурување на ден 17.12.2019 година од 11:30 -13:30
  13. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за застапници во осигурување на ден 9.1.2020 година од 11:30 до 13:30 часот
  14. Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за застапници во осигурување на ден 24.1.2020 година од 14:00 до 16:00 часот