На 18.09.2019 година, во просториите на Стопанска Комора на Македонија, а во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување, беше одржана Работилница на тема Директна обработка на штети од автоодговорност.

На работилницата присуствуваа претставници од сите 11 друштва за неживотно осигурување, од Националното Биро за Осигурување на Македонија, како и од Агенцијата за супервизија на осигурување.

Предавачи на работилницата беа д-р. Пјотр Маниковски и д-р. Јачек Лисовски, професори по осигурување на Универзитетот за економија и бизнис во Познањ, Полска, како и Турхан Јилмаз од Halk Sigorta, Турција. Предавачите ја презентираа поставеноста на системот на директна обработка на штета и го пренесоа искуството од примената на истиот во своите земји.