Изминатата недела во седиштето на Европското регулаторно тело за осигурување и пензии (EIOPA), во Франкфурт, Германија се одржа за прв пат Осигурителен Супервизорски Форум на високи претставници помеѓу Еврoпската Комисија, Европското регулаторно тело за осигурување и пензии (EIOPA) и регулаторните тела за осигурување од земјите на Западен Балкан.

Делегација од Агенцијата за супервизија на осигурување присуствуваа на Форумот и имаа презентација за сегашните развојни трендови на македонскиот осигурителен пазар, како и за актуелните предизвици од областа на регулатива и супервизија. Претседателот на Советот на експерти на АСО, Климе Попоски истакна „ Во последните 10 години имаме значаен пораст на осигурувањето и тоа во двата сегмента неживот и осигурување на живот. За споредба во периодот 2009-2018 година кумулативниот и просечно годишната стапка на раст во двата сегмента на осигурителниот сектор се поголеми во споредба со просекот на пазарите на осигурување во ЕУ.

Целта на Супервизорскиот Форум претставуваше  предизвиците во имплементацијата на европските осигурителни директиви во националните законодавства на земјите од Западен Балкан, зајакнување на дијалогот помеѓу регулаторните тела од регионот и Европското регулаторно тело за осигурување и пензии, како и јакнење на супервизорските капацитети и практики за поголема стабилност на осигурителниот сектор.

Во рамките на Форумот покрај претставувањето на актуелните предизвици од областа на регулативата и супервизијата во осигурувањето од страна на претставниците од земјите од Западен Балкан, Претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурување, г-ин Климе Попоски ќе има излагање во име на земјите на Западен Балкан на тема „Економски развој и преглед на осигурителната индустрија во регионот на Западан Балкан“.