Први ноември се одбележува како Ден на осигурувањето, долгогодишна традиција која е исполнета со бројни активности за зголемување на свесноста за важноста од осигурувањето. Целта е да се подигне финансиската писменост, особено во делот на запознавање и искористување на полисите за животно и неживотно осигурување

Како да го прославите Денот на осигурување?
Најдобар начин да го прославите денот за свесност за осигурување е да се информирате кај вашиот агент за осигурување или осигурителен брокер и со него да разговарате за сите различни видови осигурување што може да Ве заштититат Вас и вашето семејство.