Пред 11 години, е основана Агенцијата за супервизија на осигурување, како независно регулаторно тело со јавни овластувања да се грижи за законско и ефикасно функционирање на пазарот на осигурување, со цел заштита на правата на осигурениците и корисниците на осигурителните услуги.

Создадовме политика на квалитет која е составен дел на мисијата на АСО и е заснована на воспоставување и одржување на механизми за континуирано подобрување на нејзините услуги.

Во своето работење ги применуваме принципите на одговорност, стручност, чесност и транспарентност.

Горди сме на придонесот кон зајакнување на финансиската едукација на потрошувачите и нивна поголема заштита, поттикнувањето на научната мисла кај младите луѓе и развивање на свеста на јавноста за улогата на осигурувањето и супервизијата.

Успешно ги реалираме целите и мисијата и цврсто продолжуваме да чекориме по зацртаната патека.