Почитувани,

Врз основа на член 158-б став (1) точка 4 и член 158-ѕ точка (1) а во врска со член 94 од Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр.27/02, 84/02, 98/02, 33/04, 88/05, 79/07, 08/08, 88/08, 56/09, 67/10, 44/11, 88/13, 43/14, 12/14, 153/15, 192/15, 23/16, 83/2018 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.101/19 и 31/20), АСО изготви Предлог содржина Правилник за осигурување на живот во врска со удели во инвестициски фондови кога осигуреникот го презема инвестициониот ризик.

Со овој правилник се утврдуваат основите за вршење работи на осигурување на живот во врска со удели во инвестициски фондови кога осигуреникот го презема инвестицискиот ризик во однос на промена на вредноста на инвестиционите купони или други хартии од вредност на инвестициските фондови согласно член 5 став (1) точка 21) од Законот за супервизија на осигурување.

Рокот за  доставување на коментари и забелешки на предлог содржината на овој Правилник е до 21 април 2021 година (среда), на електронската адреса contact@aso.mk

Благодариме за соработката,

Со почит,

Агенцијата за супервизија на осигурување