Седница одржана на 3.08.2022
- Записник од седумнаесета седница на СнЕ на АСО во 2022 година, одржана на ден 25.7.2022 година во 13:30;
- Барање за добивање согласност за Друштвото за ревизиски, консалтинг и даночни услуги ДИЛОИТ ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на САВА осигурување а.д. Скопје за 2022 година и донесување на решение,
- Извештаj од спроведен испит по предемeтот Осигурување на живот од Нaставната програма за актуари,
- Презентација за активностите на АСО поврзани со процесот на спречување на перење пари и финансирање на тероризам, при подготовка на мисијата на Moneyval,
- Информација во врска со спроведена делумна теренска супервизија за работењето на Акционерското осигурително брокерско друштво ВФП АД Скопје,
- Информација во врска со постапката на порамнување со Друштво за застапување во осигурување Фортис про АД Скопје,
- Информација во врска со задолжението до сите Осигурително брокерски друштва и Друштва за застапување во осигурувањето за електронско доставување на ревидираните годишни извештаи за 2021 година.
Седница одржана на 25.07. 2022
1. Записник од шеснаесета седница на СнЕ на АСО во 2022 година, одржана на ден 13.7.2022 година во 12:00;
2. Годишен извештај за вонтеренска супервизијза за 2021 година;
3. Извештај за поднесени претставки до АСО од страна на осигурениците, корисниците на осигурување и од трети оштетени лица;
4. Информација за реализација на Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година, заклучно со 30.06.2022 година;
5. Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2022 на Друштвото за осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје и донесување решение;
6. Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2022 на Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје и донесување решение.
Седница одржана на 13 јули, 2022
- Записник од петнаесета седница на СнЕ на АСО во 2022 година, одржана на ден 30.6.2022 година во 12:00
- Барање за добивање согласност за Друштвото за ревизорски услуги ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп Скопје за 2022 година и донесување на Решение,
- Барање за добивање согласност за стекнување квалификувано учество во ОБД ЛАЈОН ИНС од страна на лицето Игор Георгиевски и донесување на Решение
- Решение за одземање на лиценца за застапник на лицето Татјана Јовановска,
- Решение за одземање на лиценца за застапник на лицето Елена Цветковска,
- Одлука за прекршок од страна на Акционерско Осигурително Брокерско друштво ВЕБЕР ГМА АД Битола констатиран со Записник од спроведена вонтеренска супервизија на работењето на друштвото
- Одлука за прекршок од страна на Осигурително брокерско друштво СН Осигурителен брокер АД Битола констатиран со Записник од спроведена вонтеренска супервизија на работењето на друштвото,
- Одлука за прекршок од страна на Друштвото за застапување во осигурување РЕА ИНШУРЕНС ГРУП АД Скопје, констатиран со Записник од спроведена вонтеренска супервизија на работењето на друштвото,
- Информација во врска со исправка на Записник од спроведена вонтеренска супервизија на Друштвото за осигурување Уника АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштво за осигурување Уника АД Скопје,
- Измена на годишен план за теренска супервизија за 2022 година,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Осигурителните брокерски друштва Петрол оил АД Скопје, Вебер ГМА АД Битола и Протектор АД Прилеп,
- Одлука за донесување на Решение за одземање на дозволата за вршење на осигурително брокерски работи на Осигурително брокерското друштво С.Т.М. Брокер Плус АД Скопје.
Над 281.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле осум милиони евра за три месеци
Петте компании за животно осигурување, во првиот квартал, склучиле нови 14.000 договори со кои животите ги осигурале над 20.000 граѓани. Од вложените 8 милиони евра во класичните осигурителни производи : ризико и осигурување со штедна компонента се вложени 6,3 милиони евра, а останатите се инвестирани во „јунит линкд“ осигурување.
Нови 20.000 граѓани го осигурале животот во првите три месеци годинава со што вкупниот број на граѓани кои имаат животно осигурување надмина 281.000. Тоа е за 8 отсто повеќе осигурени лица во споредба со крајот на претходната година. Во првите три месеци во осигурување живот граѓаните вложија 494 милиони денари (8 мил.евра), покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
Најбројни се вложувањата во таканареченото ризико – осигурување. Повеќе од 220.000 граѓани имаат ризико осигурување и тоа е за речиси 20.000 осигуреници повеќе во споредба со крајот на 2021 година.
Овој продукт вклучува осигурувањето на животот на осигуреникот и во случај на негова смрт се исплаќа осигурена сума на член на семејството, сопружник или друг корисник на осигурувањето. Кај овој вид осигурување доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија.
Осигурување живот со штедна компонента, на крајот на март годинава, имаат 50.000 граѓани. Овој продукт овозможува на осигуреникот по истек на договорот за осигурување своето вложување да го добие како заштеда со одредена камата.
До крајот на март годинава околу 11.000 граѓани имаат животно осигурување популарно наречено „јунит линкд осигурување“. Кај оваа класа дел од парите уплатени за осигурување живот се вложуваат во инвестициски фондови чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал.
Токму заради тоа што вредноста на овие вложувања зависи од берзите ризикот од вложувањето во овој производ го превзема осигуреникот. Тоа значи дека на истекот на периодот на кој е склучен договорот за осигурување износот на парите што треба да ги добие осигуреникот ќе зависи од пазарните (т.е. берзанските) цени на уделите на инвестициските фондови во кои биле вложувани парите од животното осигурување.
Повеќе за овој осигурителен производ може да прочитате на следниот линк https://aso.mk/aso-shto-mora-da-znaete-pred-da-kupite-junit-linkd-osiguruvanje-zhivot/
Од вкупните вложувања во животно осигурување во првите три месеци, 387 милиони денари (6,3 мил.евра) се вложувања во класичните осигурителни производи : ризико и осигурување со штедна компонента. Вложувањата во „јунит линкд“ осигурување за овој период достигнаа 107 милиони денари (1,7 мил.евра).
Петте компании за осигурување живот во првите три месеци годинава исплатиле вкупно 180 милиони денари (2,9 мил.евра) на своите осигуреници по основ на доживување, раскинати договори или по основ на случена смрт.
Минатата година беше рекордна од аспект на вкупните вложувања во осигурување ѓживот кои надминаа 2 милијарди денари (32,5 мил.евра).
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Седница одржана на 30 јуни, 2022
- Записник од четиринаесетта седница на СнЕ на АСО во 2022 година, одржана на ден 23.6.2022 година,
- Барање за добивање согласност за вршење на функцијата член на УО во Друштвото за осигурување ГРАВЕ НЕЖИВОТ АД Скопје за лицето Ненад Стаменков и донесување на Решение за давање согласност,
- Барање за добивање согласност за вршење на функцијата член на УО во АДОР МАКЕДОНИЈА – Скопје Виена Иншуренс Груп за лицето Татјана Димов и донесување на Решение за давање согласност,
- Барање за добивање согласност за измена на статут на Друштвото за осигурување ТРИГЛАВ осигурување АД Скопје и донесување на Решение за давање согласност,
- Барање за добивање дозвола за вршење осигурително брокерски работи на ОБД БД Брокер АД Дебар и донесување на Решение за давање дозвола,
- Барање за добивање согласност за измена на седиште на Друштвото за осигурување ВИНЕР– Виена Иншуренс Груп АД Скопје и донесување на Решение за давање согласност,
- Барање за добивање согласност за измена на статут на Друштвото за осигурување ВИНЕР– Виена Иншуренс Груп АД Скопје и донесување на Решение за давање согласност,
- Барање за добивање согласност Друштвото за ревизија МУР СТИВЕНС ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Националната групација за осигурување АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА Скопје за 2022 година и донесување на Решение за давање согласнос,
- Известување за раскинување на договор за вработување со лицето Кирил Илиевски од страна на НЛБ Банка АД Скопје и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Кирил Илиевски,
- Донесување на Решение за изменување на Решението за определување на овластени претставници кои ќе присуствуваат во просторијата за време на полагање на стручните испити за вршење на работи на застапување во осигурување во 2022 година,
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во АСO,
- Извештај за осмиот предмет од Наставната програма за спроведување на стручниот испит за актуари – ИНВЕСТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО СРЕДСТВА– едукатор Сашо Арсов,
- Одлука со предлог постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог за сторен прекршок од страна на Осигурително брокерското друштво Аурон Брокер АД Струга,
- Одлука со предлог постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог за сторен прекршок од страна на Осигурително брокерско друштво КОРАБ ИНС АД Скопје,
- Одлука со предлог постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог за сторен прекршок од страна на Осигурително брокерско друштво Џокер Инс Брокер Гевгелија,
- Одлука со предлог постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог за сторен прекршок од страна на Осигурително брокерско друштво ИН-Брокер АД Скопје,
- Одлука со предлог постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог за сторен прекршок од страна на Акционерско друштво за застапување во осигурување ФОРТИС ПРО Скопје,
- Одлука со предлог постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог за сторен прекршок од страна на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштвото за осигурување Сава Осигурување АД Скопје,
- Одлука со предлог постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог за сторен прекршок од страна на Осигурително брокерско друштво МЕГА БРОКЕР АД Скопје,
- Одлука со предлог постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог за сторен прекршок од страна на Осигурително брокерско друштво АСУЦ БРОКЕР АД Скопје,
- Одлука со предлог постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог за сторен прекршок од страна на Осигурително брокерско друштво АЛФА БРОКЕР АД Куманово,
- Одлука со предлог постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог за сторен прекршок од страна на Осигурително брокерско друштво КОРАБ ИНС АД Скопје,
- Одлука со предлог постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог за сторен прекршок од страна на Акционерско Осигурително Брокерско Друштво ЕУРО ЕКСПЕРТС Скопје,
- Одлука со предлог постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог за сторен прекршок од страна на Осигурително брокерско друштво МАК ТРЕНД БРОКЕР АД Скопје.
Земјоделци и фармери за три месеци во осигурување вложија 2 милиони евра
Вкупно 600 индивидуални земјоделци и фармери и уште педесетина аграрни компании за првите три месеци годинава ги осигурале своите посеви, плодови и животни. Наскоро земјоделското осигурување ќе стане задолжително со закон и заради тоа неговото учество во осигурителниот пазар значајно ќе се зголеми. Целта на оваа реформа е преку зголемување на масовноста значајно да се намали цената на осигурувањето, а истовремено со акумулација на средствата на осигурениците-земјоделци да се создадат големи фондови од кои ќе се исплаќаат штети кои може да ги предизвикаат временските непогоди и особено актуелните климатски промени
Повеќе од 650 индивидуални земјоделци и аграрни компании вложија 118,6 милиони денари (1,93 мил.евра) во осигурување на посеви, плодови и животни за првите три месеци годинава, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
Вкупно 600 земјоделци и фармери во првиот квартал годинава вложиле во осигурување на своето земјоделско производство. За осигурување на посевите и плодовите во овој период се склучени 444 договори за осигурување во кои земјоделците вложиле 81 милиони денари (над 1,3 мил.евра). Фармерите во осигурување на своите животни вложиле над 23 милиони денари (380.000 евра) и склучиле 156 договори со осигурителни компании.
Во овој период во осигурување на своето земјоделско производство, стока и живина земјоделските компании вложиле 14,4 милиони денари (234.000 евра). Од тоа 5,5 милиони денари (89.000 евра)се за осигурување посеви и плодови, а останатите 8,9 милиони денари (145.000 евра) се за осигурување животни.
Осигурителните компании во првите три месеци исплатиле 24,1 милиони денари (391.000 евра) за штети покриени со земјоделско осигурување. Исплатени се 331 штета на фармери за осигурување животни и 6 штети за осигурување посеви и плодови.
Минатата година вкупните вложувања во земјоделско осигурување изнесувале 547 милиони денари (8,9 мил.евра). При тоа биле склучени вкупно 3.858 договори за осигурување посеви, плодови и стока. Речиси 3.000 од тие договори ги склучиле индивидуални земјоделци кои ги осигурале нивните посеви и плодови, а над 500 фармери вложиле во осигурување на нивната стока и живина. Лани 376 земјоделски компании имале осигурување за посеви, плодови и стока.
За 2021 година осигурителните компании исплатиле вкупно 355,6 милиони денари (5,8 мил.евра) штети за осигуран добиток, посеви и плодови.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Седница одржана на 23 јуни, 2022
- Записник од тринаесета седница на СнЕ на АСО во 2022 година, одржана на ден 14.6.2022 година во 13:00,
- Годишен извештај за состојбата и движењето на осигурителниот пазар во 2021 година.