Агенцијата за супервизија на осигурување во рамки на својата мисија и визија во континуитет реализира активности од сферата на финансиската едукација и придонесува во градењето на финансиското знаење не само на младата популација туку и на повозрасното население.

Во рамки на Глобалната недела на парите оваа година Агенцијата оствари голем број активности самостојно, и заедно со членките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузивност, за подигнување на свеста од поголема финансиска писменост, а особено со фокус на улогата на осигурувањето и супервизијата.

Просториите на Агенцијата беа отворени за посета на ученици од повеќе основни и средни училишта (Страшо Пинџур-Кочани, Фаик Коница-Гостивар, Св. Климент Охридски- Гевгелија, Христо Узунов-Охрид, Васил Антевски Дрен-Скопје и др.), со што им се овозможи на учениците изворно да се запознааат со надлежностите на Агенцијата и нејзиното работење. Исто така, во рамки на оваа манифестација беше организирана и посета на друштво за осигурување пришто учениците имаа можност да се запознаат со улогата на друштво за осигурување како акционерско друштво и неговото функционирање.

При реализацијата на овие посети, учениците имаа можност да проследат едукативни презентации преку кои стекнуваат поголемо знаење за институциите кои се дел од финансискиот систем на една земја и финансискиоте производи и услуги кои ги нудат.

Агенцијата за супервизија на осигурување согласно задачите во своите програми и понатаму ќе продолжи да реализира активности што значат градење на капацитетот на идните генерациите од кои се очекува да бидат главни носители на економските и финансиските текови во нашата држава.