Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, Крсте Шајноски и претседателката на Организацијата на потрошувачите на Македонија, Маријана Лончар Велкова, потпишаa Меморандум за соработка со цел зајакнување на меѓусебната  соработка за реализирање на проекти и активности за заштитиа на портошувачите –осигурениците и корисниците на осигурителните услуги и производи како и нивно приближување и обезбедување на пристап кон осигурителните производи и услуги.

Со овој Меморандум, потпишан на 17 јули 2020 година, АСО и ОПМ се согласија заеднички да соработуваат и да делуваат за реализирање на разни активности како заедничка изработка на информативни матерјали, брошури и нивна промоција на пошироката јавност заради обезбедување подобра информираност и едукација на потрошувачите за правилен избор на осигурителните услуги и производи кои се нудaт на пазарот на осигурување.

Исто така се договорија за спроведување на активности за сузбивање на нечесна пазарна пракса преку поттикнување на фер односи кон потрошувачите и фер однесување од страна на осигурителните субјекти.

Предмет на овој Меморандум за соработка се и поттикнување спогодбено решавање на евентуланите несоглсувања и/или спорови на потрошувачите со друштвата за осигурување, осигуритено брокерските друштва, друштавата за застапување  во осигурување, осигурителните брокери и застапници.

Потписниците на Меморандумот исто така, се договорија и за организирање настани за подигнување на јавната свест за важноста, значењето и потребата на осигурувањето, организирање и спроведување анкети, работа во работни групи, организирање на мистериозно купување, промовирање на домашна, регионална и меѓународна соработка како и разменување на изкуство од доменот на истражување и развојни процеси кои се од заеднички интерес.

Со потпишувањето на овој Меморандумот престанува важноста на Меморандумот за соработка склучен на 11 август  2016 година.