Во периодот од 6-8 Октомври, 2010 година Националното Биро за осигурување ја оддржа втората годишна Конференција од областа на осигурувањето на тема “Перспективи на осигурителниот пазар на Република Македонија”. На овој настан присуствуваа голем број учесници,професионалци од областа на осигурувањето и експерти од осигурителните регулаторни тела од земјата и странство, пришто преку панел дискусии се разменуваа мислења и се споделуваа искуства.

 

На покана на Агенцијата за супервизија на осигурување пристигнаа и гости од регулаторните теле од Словенија, Германија, Бугарија, Австрија и Албанија.

Агенцијата имаше свој настап на Конференцијата и нејзината презентација може да се преземе тука.

За подетални информации во врска со Конференцијата Ве молиме погледнете на www.nibm.com.mk.