Осигуреници наплатија 66 милиони евра, исплатени 80.000 штети
Кај најголемата доброволна класа – осигурувањето имот исплатените штети пораснале за 13% и достигнале 11,5 милиони евра. Кај приватното здравствено осигурување износот за исплатени штети лани е удвоен во однос на 2020 година. Импозантни растови на исплатени штети има кај малку застапените класи: карго осигурувањето, осигурени кредити и осигурени финансиски загуби. Сите 11 друштва за неживотно осигурување платиле над 4 милијарди денари за штети покриени со осигурување лани и тоа е за 14 % повеќе од 2020 година.
Граѓани, фирми, здруженија и државни институции наплатија над 4 милијарди денари (66,2 милиони евра) од осигурителните компании за настаните штети покриени со неживотно осигурување во 2021 година. Вкупниот износ на исплатени штети (бруто исплатени штети БИШ) минатата година е повисок за 14 отсто (8,2 мил. евра) во споредба со 2020 година. Лани се исплатени речиси 80.000 пријавени штети, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување.
За пријавени штети врз осигуран имот осигуреници лани наплатиле 13 отсто повеќе од 2020 година. Сите 11 осигурителни компании за неживотно осигурување за штети врз осигуран имот лани исплатиле 710 милиони денари (11,5 мил. евра). Друштвата за осигурување лани исплатиле речиси 9.000 оштетни побарувања на своите осигуреници. За осигуран имот на физички лица се исплатени вкупно 316 милиони денари (над 5 мил. евра), а на правни лица 394 милиони денари (6,4 мил.евра).
Кај најбрзорастечката класа – приватно здравствено осигурување, исплатата на штети го следи растот на продажба на осигурителни полиси. За минатата година девет осигурителни компании исплатиле 211 милиони денари (3,4 мил.евра). Тоа е двојно повеќе од износот на штети што го исплатиле во претходната 2020 година во која поради здравствената пандемија и почна да расте популарноста на оваа доброволна осигурителна класа.
Кај осигурувањето од незгода ( најмасовна класа на доброволно осигурување кое покрива речиси 700.000 осигуреници) лани се исплатени штети во вкупна вредност од 434 милиони денари (7мил.евра). А тоа е за 8 отсто повеќе од претходната година.
За штети врз каско осигурани возила осигуреници наплатиле 507 милиони денари (8,2 мил.евра) или 4 отсто повеќе од 2020 година.
Од помалку застапените класи на доброволно неживотно осигурување импозантни растови на исплатени штети бележат три осигурителни класи. Исплатените штети за карго осигурување се зголемени за 7 пати во односн на 2020 година), а речиси е удвоен износот на исплати за осигурани штети од финансиски загуби. Кај осигурувањето кредити се исплатени 3,75 милиони денари (61.000 евра) додека во 2020 година немало исплати.
Патничкото осигурување е единствената класа во која лани износот на вкупно исплатени штети е понизок во однос на 2020 година. Сите 11 осигурителни друштва исплатиле 40 милиони денари (0,65 мил.евра) што е за 15 отсто помалку од 2020 година.
Во најголемата класа – осигурување од автомобилска одговорност 11 компании лани исплатиле 2,1 милијарди денари (34,2 мил.евра) за речиси 30.000 пријавени штети. Износот на исплатени штети лани е за 12 отсто повисок од претходната година.
Во вкупниот износ на исплатени штети лани АДОР „Македонија“и „Еуролинк“ учествуваат со по 362 милиони денари (6 мил.евра), „Триглав“ со 570 милиони денари (9,2 мил.евра), „Сава“ со 463 милиони денари (7,5 мил.евра), „Евроинс“ со 396 милиони денари (6,4 мил.евра), а „Винер“ со 341 милиони денари (5,5 мил.евра). „Граве Неживот“ лани исплатила 142 милиони денари (2,3 мил.евра), „Уника“ платила 408 милиони денари (6,6 мил.евра), „Осигурителна полиса“ 261 милиони денари (4,2 мил.евра), „Халк Осигурување“ исплатиле 512 милиони денари (8,3 мил.евра), а „Кроација Осигурување – неживот“ 250 милиони денари (4,1 мил.евра).
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Седница одржана на 08.02.2022
- Записник од трета седница на СнЕ на АСО во 2022 година, држана на ден 2.2.2022 година во 13:00;
- Одлука за усвојување на Извештајот за извршениот попис на средствата и извори на средствата на Агенцијата за супервизија на осигурување со состојба на 31 декември 2021 година и Извештај за извршениот попис на средствата и извори на средствата на Агенцијата за супервизија на осигурување со состојба на 31 декември 2021 година,
(ВО ЖИВО) Линк од полагање за застапници во осигурување на 7 и 8 февруари, 2022 година
Почитувани, со клик на линкот https://www.youtube.
Седница одржана на 18.01.2022
- Записникот од првата седница на СнЕ на АСО во 2022 година, држана на ден 12.1.2022 година во 13:00;
- Стратешки план за внатрешна ревизија за периодот 2022 – 2024 година;
- Годишен план за внатрешна ревизија за 2022 година,
- Решение за давање согласност за вршење на функцијата член на Управен одбор на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје на лицето Аднан Емровски,
- Решение за формирање Комисија за спроведување стручен испит за застапници во осигурувањ
- Решение за формирање Комисија за спроведување стручен испит за осигурителни брокери,
- Решение за формирање Комисија за ревизија на стручен испит за застапници во осигурување,
- Решение за формирање Комисија за ревизија на стручен испит за осигурителни брокери,
- Решение за именување овластени претставници кои ќе присуствуваат на спроведување на стручните испити за застапници во осигурување,
- Решение за именување овластени претставници кои ќе присуствуваат на спроведување на стручните испити за осигурителни брокери,
- Одлука за усвојување на Годишен план за јавни набавки на Агенцијата за супервизија на осигурување, за 2022 година.
Седница одржана на 12.01.2022
- Записник од триесетипрва седница на СнЕ на АСО во 2021 година, држана на ден 29.12.2021 година во 10:00;
- Донесување на Решение за издавање на согласност Друштвото за ревизиja ГРАНТ ТОРНТОН ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје за 2021 година.
Осигуреник наплатил 308.000 евра штета за осигуран имот
Ова е највисока поединечна исплатена штета во сите 18 класи на неживотно осигурување за првите девет месеци годинава. Осигуреник е правно лице, а штетата е исплатена во третиот квартал годинава. Во најголемите пет исплатени штети се уште следниве: за осигурување одговорност од воздухоплов се исплатени 232.000 евра, за автомобилска одговорност 173.00 евра, за осигурување од финансиска загуба 141.000 евра и за штета осигурана со зелена карта се исплатени 100.000 евра
Највисоката исплатена штета покриена со осигурување, во првите девет месеци годинава, изнесува 18,9 милиони денари (308.000 евра). Станува збор за осигуран имот на правно лице. Во овој период кај најголемата доброволна осигурителна класа – осигурување имот се исплатени штети во вкупна вредност од 469,6 милиони денари (7,6 мил.евра), покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизја на осигурување (АСО).
Втората највредна исплатена штета е за одговорност од осигуран воздухоплов. За настаната штета од тоа осигурување се исплатени 14,3 милиони денари (232.000 евра).
Во петте најголеми исплатени штети по една е за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, за зелена карта и за осигурување од финансиски загуби.
По основ на задолжителна автомобилска одговорност осигурителна компанија, во овој период, исплатила 10,7 милиони денари (173.000 евра). За покривање финансиски загуби осигуреник од осигурително друштво наплатил 8,65 милиони денари (141.000 евра). За штета покриена со зелена карта осигурителна компанија на осигуреник исплатила 6,2 милиони денари (100.000 евра).
Во првите девет месеци најголемата штета исплатена за осигурани стоки во превоз (карго) изнесува 4,9 милиони денари (80.000 евра). Кај каско осигурување моторни возила по една штета биле исплатени 2,75 милиони денари (45.000 евра). Кај осигуран имот на физичко лице најголемиот износ за штета што го исплатила компанија за осигурување изнесува 2,9 милиони денари (48.000 евра).
Во доброволната класа со најмногу активни договори – осигурување од незгода во првите девет месеци највисоката исплатена штета изнесува 3,6 милиони денари (58.000 евра). Кај приватното здравствено осигурување најголемата исплатена штета за овој период изнесува 615.000 денари (10.000 евра), а кај патничкото осигурување 1,4 милиони денари (23.000 евра).
Осигуреници наплатија вкупно 2,89 милијарди денари (47 мил.евра) штети од осигурителните компании за неживотно осигурување во првите девет месеци годинава. Вкупниот износ на исплатените штети за овој период е за 422 милиони денари (6,9 мил.евра) или 17 отсто повисок во однос на истиот период лани. Вкупно 11 компании за неживотно осигурување во овој период исплатиле 55.008 штети што е за 20 отсто повеќе од истиот период минатата година.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Седница одржана на 29.12.2021
- Записник од триесетта седница на СнЕ на АСО во 2021 година, одржана на ден 17.12.2021 година во 11:00;
- План за работа на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година,
- Годишен план за супервизија за 2022 година,
- Одлука за донесување на Финансиски план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година и Финансиски план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година,
- Одлука за времено финансирање на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2022 година,
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје на лицето Емил Кратовалиев,
- Одлука за формирање на Комисија за попис на средствата и изворите на средствата на Агенцијата за супервизија на осигурување со состојба на 31 декември 2021 година и Упатство за работа на Комисија за попис на средствата и изворите на средствата на Агенцијата за супервизија на осигурување со состојба на 31 декември 2021 година,
- Извештај во однос на спроведен испит за четвртиот предмет од Наставната програма за спроведување на стручниот испит за актуари – ЕКОНОМИЈА,
- Измена на Правилник за Контен план на друштвата за осигурување и реосигурување,
- Решение за утврдување на годишен надоместок на членовите на Комисијата за спроведување на стручен испит за потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар за 2022 година и
- Измена на Годишниот план за вработување за 2021 година.
Животот го осигурале над 242.000 граѓани, вложиле 21,5 милиони евра за 9 месеци
Најголемо учество во вкупното животно осигурување има осигурувањето живот со штедна компонента кое нуди покритие на ризик од смрт, а на истек на договорот осигуреникот си ги враќа вложените пари како да ги штедел. Во овој продукт осигуреници вложиле 13,6 милиони евра за првите девет месеци годинава. Петте компании за осигурување живот, во првите девет месеци годинава, исплатија 590.000 евра обештетување на блиски лица и роднини за смртни случаи кои имале „ризико“ животно осигурување
Вложувањата во животно осигурување достигнаа 1,32 милијарди денари (21,5 мил.евра) и во првите девет месеци годинава се зголемени за 12 отсто во споредба со истиот период лани. Повеќе од 242.000 граѓани имаат полиса за осигурување живот заклучно со крајот на септември годинава, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
Во периодот јануари – септември петте компании за животно осигурување склучиле над 39.000 договори за осигурување.
Во износот на вкупни вложувања во животно осигурување најголемо е учеството на осигурување живот во кое е вклучена и штедната компонента. Овој осигурителен продукт со полисата за осигурување живот нуди можност вложените средства за осигурување да се штедат и по истек на рокот на полисата да му бидат исплатени на осигуреникот. Во осигурување живот со штедна компонента во првите девет месеци годинава се вложени 838 милиони денари (13,6 мил.евра).
Во класичното животно осигурување кое покрива ризик смрт, во овој период, се вложени 237 милиони денари (3,9 мил.евра). Овој продукт, популарно познат како „ризико осигурување“, нуди финансиски надомест за членови на семејство или блиски лица во случај осигуреникот да почине, но нема штедна компонента. Тоа значи дека вложените средства не се враќаат на осигуреникот на истек на договорот за осигурување.
„Јунит линкд“ осигурувањето е најновата класа на нашиот осигурителен пазар за животно осигурување. Кај ова осигурување вложените средства не се штедат туку се вложуваат во удели на инвестициски фондови кои купуваат акции и други хартии од вредност кои се тргуваат на светските берзи. Кај оваа класа осигурување ризикот од вложување го носи осигуреникот. Затоа и нема гарантирана осигурена сума која се исплаќа кога завршува периодот на осигурување. Тоа значи дека кога истекува рокот на договорот осигуреникот добива колку што во тој момент вредат уделите на инвестицискиот фонд во кој се вложени парите. Во првите девет месеци во овој осигурителен производ се вложени 250 милиони денари (4,1 мил.евра). Забележлив е тренд на раст на ова осигурување во вкупното животно осигурување.
За првите девет месеци петте осигурителни компании по сите основи исплатиле штети во вкупна вредност од 400 милиони денари (6,5 мил.евра). Од тоа при смртни случаи на осигуреници на нивни блиски лица и членови на семејства покриени со „ризико осигурување“ се исплатени 36,3 милиони денари (590.000 евра). Кај осигурувањата со штедна компонента се исплатени 345 милиони денари (5,6 мил.евра) на осигуреници на кои: им истекол договорот, го прекинале осигурувањето или биле обештетни блиски лица на осигуреници кои починале. Кај „јунит линкд“ осигурувањето за овој период се исплатени 17,2 милиони денари (280.000 евра) штети. Во тој износ откупот (предвреме прекинати договори на барање на осигуреници) учествува со 12,6 мил.денари (205.000 евра).
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Седница одржана на 17.12.2021
- Записникот од дваесетидевета седница на СнЕ на АСО во 2021 година, одржана на ден 6.12.2021 година во 10:00;
- Измена на Годишен план за вработување за 2021 година на Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Решение за изменување и дополнување на Решението за формирање на Комисија за спроведување на стручен испит потребен за добивање дозвола за актуар.