Седница одржана на 14.09.2017
- Решение за давање согласност за вршење на функцијата Извршен член на Одборот на директори на САВА осигурување а.д. Скопје, на лицето Мелита Гугуловска,
- Решение за давање согласност за вршење на функцијата Извршен член на Одборот на директори на САВА осигурување а.д. Скопје, на лицето Ило Ристовски.
Конкурс за деца и млади по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври 2017
КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО – 31 ОКТОМВРИ
НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ И АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ
ОБЈАВУВААТ
КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ.
АЈДЕ ДА ГО ПРОСЛАВИМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО ‒ 31 ОКТОМВРИ СО СЛИКАЊЕ ЦРТЕЖ И ПИШУВАЊЕ ПЕСНА:
ПРВА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА:
Ш Т Е Д Е Њ Е ‒ „И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“
ВТОРА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА:
О С И Г У Р У В А Њ Е ‒ „ШТО ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО“
– Учениците од основното образование треба да испратат на конкурсот литературна и/или ликовна творба ‒ поезија на една или на двете зададени теми.
– Учениците од средното образование треба да испратат на конкурсот литературна и/или ликовна творба ‒ поезија на една или на двете зададени теми.
Седница одржана на 21.08.2017
- Решение за давање согласност за вршење работи на застапување во осигурување од страна на банка,
- Решение за давање согласност за стекнување на квалификувано учество во друштво за осигурување
Седница одржана на 08.08.2017
- Решение за вршење на функцијата Извршен член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје, на лицето Рок Пивк
Седница одржана на 04.08.2017
- Решение за давање дозвола за вршење на работи на осигурување на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.
Реализирана работна посета со претставници од Регулаторот на финансиски пазар на Австрија
На 5.7.2017 година, Агенцијата за супервизија на осигурувањеорганизираше Работилница со претставници од Регулаторот на финансиски пазар наАвстрија (FMA) и Асоцијацијата на осигурители на Австрија (VVO), на којаучесници беа членовите на органите на управување на друштвата за осигурување.
Оваа работилница беше наменета да им овозможи учесниците дасе запознаат со новите предизвици во регулативата на осигурување во ЕвропскатаУнија. Поминат е период од 18 месеци од имплементацијата на директиватаСолвентност 2 во земјите членки на ЕУ. Оваа работилница претставуваше добраприлика да се сподели искуството во имплементација на Столбот 2 кој се однесуваза корпоративно управување. Понатаму, се дискутираше и за предизвиците одидната имплементација на Директивата за медијација во осигурување (IMD) ирегулативата за продажба на Пакети на Инвестициони Продукти за Малопродажба(PRIPs) што претставува актуелна тема.
Претставниците од Асоцијацијата на осигурителина Австрија (VVO) и Регулаторот на финансиски пазар на Австрија (FMA), на 6јули во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување, одржаапрезентација за вработените во Агенцијата. Презентацијата ги опфатипредизвиците на моменталната европска регулатива, проекти и трендови. Истотака, беше презентирано и за важноста на корпоративното управување како важендел за воспоставување ефикасен систем на супервизијата на осигурувањето.