КОНКУРС
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2017 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари.
Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:
– апстракт;
– осврт на консултираната литература од областа која се истражува;
– опис на методите на истражување кои се користат во трудот;
– анализа;
– заклучни согледувања и
– библиографија.
Седница одржана на 15.05.2017
- Решение за воведување на класата 21 – Oсигурување на живот во врска со удели во инвестициони фондови, од групата на осигурување на живот на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопјеч и
- Решение за измена на Статутот на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје
Седница одржана на 10.05.2017
- Одлука за изрекување на мерки на супервизија спрема осигурително брокерско друштво Нов осигурителен брокер,
- Одлука за изрекување на мерки на супервизија спрема Друштвото за осигурување Еуролинк,
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за основните постапки, правила и начинот на спроведување супервизија на осигурување,
- Одлука за Конкурс за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2017 година,
- Решение за вршење на функцијата член на Управен одбор на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје, на лицето Мартин Теов Винер лиценцирање,
Седница одржана на 20.04.2017
- Решение за вршење на функцијата Извршен член на Одборот на директори во Акционерското друштво за осигурување ГРАВЕ, Скопје на лицето Марко Микиќ.
Седница одржана на 24.03.2017
- Решение за престанок на дозволата за вршење работи на застапување во осигурување ГЛС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
- Решение за престанок на дозволата за вршење работи на застапување во осигурување Друштвото за застапување во осигурување МАГМА ОСИГУРУВАЊЕ Скопје
Глобална недела на пари
Во периодот од 27 март до 2 април, 2017 година ќе се одвива традиционалниот настан ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИ. Овој настан се случува на глобално ниво и е со единствена цел да се зголеми финансиското знаење на населението.
Агенцијата за супервизија на осигурување е голем поддржувач на оваа иницијатива и по тој повод ќе организира бројни активности во насока на поголема едукација и зголемување на финансиското знаење од областа на осигурувањето, за граѓаните, а особено младата популација.
Седница одржана на 10.03.2017
- Решение за давање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на Друштвото за осигурување УНИКА А.Д. Скопје на лицето САИМИР ДХАМО,
- Решение за давање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на Друштвото за осигурување УНИКА А.Д. Скопје на лицето БОРЧЕ БОГЕСКИ,
- Решение за давање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на Друштвото за осигурување УНИКА А.Д. Скопје на лицето БИЛЈАНА СТОЈАНОВ,
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за потребната документација која се доставува кон барањето за добивање дозволи согласно Законот за супервизија на осигурување,
- Правилник за потребната документација за добивање дозвола за вршење на осигурително брокерски работи,
- Правилник за потребната документација за добивање дозвола за вршење работи на застапување во осигурувањето,
Склучен меморандум за партнерство и соработка меѓу РСБСП и АСО
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБС) денес потпишаа меморандум за партнерство и соработка и заедничко дејствување.
Предмет на заедничка соработка ќе биде реализација на активности за унапредување на финансиската писменост во областа на осигурувањето, реализација на активности за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, активности за намалување на бројот на загинати и настрадани лица во сообраќајни незгоди, едуцирање и финасиско знаење на ѓраѓаните за нивните права и обврски од осигурување во сообраќајот итн.
Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата м-р Стојче Стаменковски изјави дека врз основа на денешниот меморандум за соработка РСБСП и АСО во наредниот период ќе реализираат бројни заеднички активности за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку намалување на бројот на нерегистрирани возила во сообраќајот, активности за подигање на јавната свест за предностите и придобивките од осигурување на возилото, финансиско знаење на учесниците во сообраќајот за полисата за автоодговорност, пријавување на штета во случај на настанување на штетен настан, права и обврски од зелена карта, права и обврски за пополнување на европски записник и многу други активности.
Претседателот на советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето д-р Климе Попоски изјави дека и во досегашниот период АСО и РСБСП остварувале високо ниво на соработка а потпишувањето на денешниот меморандум за соработка ќе значи чекор напред кон унапредување на соработката помеѓу двете тела, континуирана размена на искуства, совети и информации во врска со позитивните пракси кои се употребуваат и кои што можат да се применат, а се со единствена цел едукација и заштита на животот и здравјето на граѓаните и заштита на нивните права.